Лилјаноцветни

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Лилјани
Период: Ран Палеоген - денес
Бел крин Lilium longiflorum
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Цветници
Класа: Монокотиледони
Ред: Liliales
Фамилија: Liliaceae
Родови

Calochortus
Cardiocrinum
Clintonia
Erythronium
Fritillaria
Gagea
Lilium
Lloydia
Medeola
Nomocharis
Notholirion
Prosartes
Scoliopus
Streptopus
Tricyrtis
Tulipa

Фамилијата на лилјаните (Liliaceae) е една од основните фамилии на монокотиледонски растенија. Според некои податоци, таа брои околу 250 родови и 3700 видови, правејќи ја трета по големина во рамките на монокотиледоните (по орхидеите и тревите).

Лилјаните се нашироко распространети по Земјата и се особено чести во топлите умерени и тропски региони. Повеќето видови се многугодишни тревести растенија кои поседуваат луковици (или други форми на метаморфозирани корења) од кои се издигнуваат исправени групации на тесни, тревести листови или листести стебла. Неколку видови се дрвенести, а некои се мали дрвја.

Еволутивните врски помеѓу претставниците на фамилијата на лилјани не се јасни, па затоа одредени ботаничари ја делат Liliaceae на неколку посебни фамилии, или, пак, во Liliaceae ги вклучуваат фамилиите на агаве, аспарагуси и нарциси.

Речиси сите видови на растенија од фамилијата на лилјаните се јадливи, како што се кромидот, лукот и празот, но има и неколку отровни видови.

[уреди] Морфолошки особености

Лилјаните се растенија со паралелна нерватура на листовите (како што се и повеќето монокотиледони), со симетрични (правилни) цветови чии делови се распоредени во два круга по три. Околуцветникот (перигон) се состои од 3 чашкини и 3 венечни ливчиња кои најчесто се идентични по големина и боја. Постојат 6 прашници, кои кај некои видови се без антери. Устенцето на плодникот е исто така триделно.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици