Лилјана Николовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лилјана Николовска
Роден 24 август 1964
Сплит ,  Хрватска
Занимање пејачка


Лилјана (Љиљана) Николовска (24. август 1964, Сплит, СР Хрватска, СФР Југославија) е југословенска и хрватска пејачка од македонско потекло. Нејзиниот татко како воено лице се преселил во Хрватска од реканското село Битуше[1]. Најпозната е како пејачка на сплитската група Магазин[2]. Со групата Магазин снимила 7 (седум) албуми и се појавувала на многу компилации од 1982 до средината на 1990 година.

Од 1995 година године Лилјана е во брак со музичарот Пит Мазик, со кој има син. Живее и работи во Сан Педро, Калифорнија, САД.

Албуми:

  1. Коколо (1983) - 170.000 примероци
  2. О, ла, ла (1984) - 12.000 примероци
  3. Пиши ми (1985) - 380.000 примероци
  4. Пут путујем (1986) - 570.000 примероци
  5. Магазин (1987) - 630.000 примероци
  6. Бесане ноќи (1988) - 460.000 примероци
  7. Добро јутро (1989) - 380.000 примероци
  1. Најбоље године (1991) - 430.000 примероци
  2. Најбоље године (1993) – непознат број на продадени примероци
  3. Сви највеќи хитови 1983 - 1990 – непознат број на продадени примероци
  4. Магазин-Сви највеќи хитови 1983 - 1990 (2003)
  5. Лет (1996) - непознат број на продадени примероци

Наводи[уреди]

  1. Коколо, коколо мој - 20 години на улица“, Вечер, сабота, 21 јули 2012  :: Бр. 15046 (конс. 21 јули 2012). (на македонски)
  2. „8 milijuna eura duga zbog propalih poslova u Srbiji“ (на Croatian). „Nacional“. 11 март 2009. http://www.nacional.hr/clanak/70556/8-milijuna-eura-duga-zbog-propalih-poslova-u-srbiji. конс. 23 мај 2010. 

Надворешни врски[уреди]