Ликови во Half-Life 2

Од Википедија — слободната енциклопедија

Овде се подетално опишани ликовите од играта Half-Life 2.

Главни ликови[уреди | уреди извор]

Гордон Фримен[уреди | уреди извор]

(главна статија: Гордон Фримен)

Фордон Фримен е главниот лик контролиран од играчот во сите главни серии и експанзиите на Half-Life 2. Тој е теоретски физичар кој работи во институцијата Блек Меса во Ново Мексико, САД, а подоцна еден од главните водачи против Алијансата „Комбајн“ на планетата земја.

Алекс Венс[уреди | уреди извор]

Алекс Венс

Алекс Венс (Alyx Vance) претставува првиот помошник на Фримен во Half-Life 2. Таа се појавува во сите експанзии на Half-Life 2. Таа е претставена како пола жолта пола црна жена, која има една една од главните улоги за ослободување на планетата Земја од Алијансата и Д-р Брин. Алекс постојано му помага на Фримен да ги изврши задачите во играта и експанзиите. Таа е моделирана по глумицата Џамил Мулен,а гласот и го позајмува Мерл Дендриџ.

Алекс е пријателска личност, но може да покаже лутина кон Џудит Мосман поради нејзиното однесување кон неа и нејзиниот татко. Нивните односи многу ќе се влошат кога ќе дознае дека Џудит ги предала на Алијансата и на Д-р Брин. Алекс исто така го убедува Д-р Брин дека ја убил мајка ѝ. Кога тој ќе ја спомне, Алекс му плука во лице. Алекс знае да се шегува со Гордон, поради неговата ќутливост. Во еден момент во темните тунели во Half-Life 2: Episode One, таа прави звуци како зомби, но кога ќе открие Гордон, таа му вика: „Ха, ха, те фатив!“

Д-р Илај Венс[уреди | уреди извор]

Илај Венс

Д-р Илај Венс (Doctor Eli Vance) се појавува во Half-Life (1998) и Half-Life 2 (2004). Тој е претставен како професионален физичар и научник, околу 60 години стар, со кратка сива коса, брада и мустаќи. Тој носи протеза наместо неговата лева нога, од коленото надолу. Ја изгубил својата нога кога го нападнало некое чудовиште кога му помагал на Д-р Клајнер да се прекачи преку ѕид. Тој завршил во Универзитот во Харвард, според маичката која ја носи. Илај е убиен од Советник на крајот на Episode Two.

Илај е татко на Алекс. Неговата жена, Азиан, живеела со него во просториите на Блек Меса, но умрела при нападот на вонземјаните на институцијата. Се претпоставува дека Шел од Portal , е клон на Азиан. Што се очекува да се дознае во Half Life 2 Episode three.

Според дијалозите во играта, Илај е еден од првите кој контактирал со Вортигантите, кој наскоро се нашле на негова страна да му помогнат во борбата против Алијансата.

Илај е водач на отпорот „Ламбда“, именета од тимот во кој работеле Д-р Клајнер, Д-р Венс и Д-р Фримен.

Д-р Волас Брин[уреди | уреди извор]

Волас Брин

Волас Брин (Wallace Breen) е администраторот на секторот Ц во институцијата Блек Меса, и шеф на Гордон Фримен. Тој не се појавува во Half-Life, само е спомнат како администратор. Брин се појавува во Half-Life 2, претставен како администратор на Алијансата на плаенетата земја, Алијансата го признале за „администратор“ бидејќи тој ги предал луѓето во целиот свет и застанал на страната на Алијансата за време на Седумчасовната Војна. Тоа го прави Брин најголемиот негативен лик во играта.

Гордон Фримен и Брин немале добри односи уште од Блек Меса. Тоа ќе им ги отежни работите на Отпорот, бидејќи откако Фримен ненамерно ќе се телепортира во канцеларијата на Брин на врвот на високата тврдина во Сити 17, тој ќе ја прати цела војска во околината да го фатат. Фримен со маки ќе избега нефатен во лабораторијата на Илај, во Источна Блек Меса. Брин ќе се здружи со Џудит Мосман за полесно да може да го фати Фримен и Илај. Д-р Брин ќе биде убин на крајот на играта, кога Фримен ќе го спречи да избега во друга вселена кај Алијансата и ќе експлодира реакторот на врвот на Трвдината

Брин им зборува на граѓаните секојдневно со помош на големи видеобимови кои се поставени секаде во градот. Тој врши секаков вид на пропаганда да ги убеди граѓаните да се здружат со него, а подоцна да му се спротивстават на Фримен. На крај, преку нив ќе му збори директно на Фримен преку истите во Тврдината.

Д-р Исак Клајнер[уреди | уреди извор]

Д-р Клајнер

Д-р Исак Клајнер (Isaac Kleiner) e научник, дел од тимот „Ламбда“ заедно со Фримен и Венс во иституцијата Блек Меса. Тој е ќелав и има очила со дебели рамки. Клајнер завршил на факултеот МИТ, му бил професор и го вработил Фримен во институцијата Блек Меса. Клајнер ја преживеал катастрофата во Блек Меса, но како избегал од таму е непознато.

Заедно со колегите Алекс, Илај и Барни, е водач на Отпорот Ламбда на планетата против Алијансата. Името го добил според тимот од научници Ламбда во Блек Меса. Во Сити 17, тој има подземна лабораторија во една зграда со натпис Northern Petrol. Таму тој работи на технологија со телепортирање заедно со Илај. Иако се далеку многу километри, тие успеваат да се телепорираат од едната до другата лабораторија. Клајнер чува припитомена хедкраба како милениче, која ја нарекува Хеди (по глумицата и научник Хеди Ламар од '30-тите).

Во Half-Life 2, на една табла на ѕидот на Клајнер може да се видат насловни страни на некое списание „Популарен научник“, со него кога тој бил помлад. Може да се види дека имал коса, а не бил ќелав тогаш. Покрај тоа има еден цртеж од Алекс кога била мала, и некои ливчиња како потсеници. На ѕисот исто така може да се види слика со него, Фримен, Илај и некој други научници од секторот Ц во Блек Меса.

Барни Калхун[уреди | уреди извор]

Барни Калхун во Half-Life 2

Барни Калхун (Barney Calhoun) е контролираниот играч и главниот лик во експанзијата на Half-Life Half-Life: Blue Shift, и еден од главните ликови во Half-Life 2. Мајкл Шапиро му го позајмува гласот на Барни во сите игри во кои учествува. Тој е моделиран по шефот на операции во Valve Software Скот Линч.

Барни првпат се појавува во Half-Life и тој е претставен како вработен во безбедносниот оддел на Блек Меса, т.е. тој е полицаец. Тој во Half-Life: Blue Shift гледа да избега од Блек Меса после катарстрофата. Во Half-Life 2 тој работи за како „крт“ во Цивилната Заштита на Алијансата, за Отпорот Лабда. Тој на играчот му дава информација каква е состојбата во градот, и го праќа кај Клајнер и Алекс, а подоцна му го дава и првото оружје во играта - хеблата. Во крајните делови на Half-Life 2, тој заедно со игралот и другите членови на Ламбда одат кон Трвдината да ја освојат.

Името на Барни произлегува од раните бета верзии на Half-Life во кој полицајците имаат сличност со глумецот Дон Кнотс, испирирани од ликот на Кнотс Барни Фајф од шоуто на Енди Грифит. Оригинално, Барни и другите полицајци трбали да бидат непријатели и да го напаѓаат играчот. Подоцна тие се смениле во пријатели како што се денес во играта Half-Life.

Г-Мен[уреди | уреди извор]

Г-Мен во Half-Life 2

Г-Мен (или Џи-Мен, анг. The G-Man) е најмистериозниот лик во целата игра. Тој е познат по своето чудно однесување, и натприродни можности иако личи на обичен човек. Тој ја игра улогата на вработен и надгледник, кој постојано внимава на играчот и на некој моменти го контролира. Тој секогаш се појавува за кратко, и веднаш исчезнува. Главното појавување на Г-Мен е на почеток и на крај на Half-Life 2. На почеток тој го буди Фримен од неговиот долгогодишен транс или сон, му кажува дека има прилика сега да ја спаси Земјата, и го носи во Сити 17. Начинот на кој Г-Мен го прави тоа е непознат. На крај тој го стопира времето во моментот кога реакторот на Тврдината ќе експлодира, и го спасува Фримен. Неговото мистериозно однесување и појавување го прави еден од најпознатите ликови.

Г-Мен постојано запоставува Гоpдон Фримен да го вика „Д-р Фримен“, бидејќи гордон ја има титулата на „доктор“. Тој постојано го вика „Г-дин Фримен“, но на крајот на Half-Life 2 ќе го нарече „Д-р Фримен“ неколкупати. Тој исто така многу го назначува гласот „с“. Така за Фримен вика „Госссподин Фримен“.

Г-Мен се појавува сосема кратко во некој делови на играта, како што се во големиот црвен амбар кај каналите, но кога ќе видиме внатре, него го нема. Исто така може да се види кај браната пред Источна Блек Меса. Едно карактеристично видување е низ еден телескоп на Алијансата. Таму може да ги видиме како зборува со колонелот Одеса Кабиџ. Подоцна, Кабиџ не споменува ништо за тоа. Се гледа така многупати во играта, но најубаво може да се види на крајот, бидејќи тој таму лично повторно му се обраќа на Фримен. Г-Мен вели дека го спасил Фримен поради „интересни понуди“, но не му кажува какви

Гласот на Г-Мен му го позајмува Мајкл Шапиро.

Џудит Мосман[уреди | уреди извор]

Џудит Мосман

Д-р Џудит Мосман (Doctor Judith Mossman) е лик кој се појавува во сериите Half-Life 2. Таа е итра и маниполативна жена, која застанува на двете страни во војната во Half-Life 2, но на крај застанува на страната на Отпорот. Поддоцна таа открива непозната Арктичка локација која може да биде употребена против Алијансата, на некој брод со име „Бореалис“. Таа е претставена како бела жена во нејзините 40-ти години.

Многу години откако Алијансата ја освоиле планетата, Мосман застанува на страна на Отпорот во Источна Блек Меса, каде што се спријателила со Илај Венс. Непозната за Алекс Венс, која не ја сакала, таа исто така шпиунирала за Алијансата во Отпорот и му давала информации директно на Д-р Брин. Како и кога се решила за тоа, не се знае. Таа требала да му даде сигнал на Брин кога да ја нападне Источна Блек Меса, но тој е несптрплив и ја напаѓа пред Џудит да му најави. Таа од Нова Проспект ќе се телепортира заедно со Илај директно во Тврдината, а со тоа многу ќе ги отежни плановите на Отпорот.

Џудит Мосман исто така работела заедно со Гордон Фримен во Блек Меса, но таа ја изгубила својата работна позиција поради Фримен, тој бил избран наместо неа. Затоа кога Фримен ќе влезе во Источна Блек Меса, таа му вели: „Толку ти завидувам што работеше со Илај и Д-р Клајнер во Блек Меса“

Споредни ликови[уреди | уреди извор]

Одеса Кабиџ[уреди | уреди извор]

Одеса Кабиџ

Колонел Одеса Кабиџ е член на отпорот против Алијансата. Тој има британски акцент, и носи јакна на која пишува „обезбедување“ и го има логото на Универзитетот во Рочестер. На таа јакна исто така има и некои медали, со што може да се каже дека бил член на некоја војска, и дека е колонел.

Ликот на Одеса требало да се вика Одел, во Half-Life 2. Одел бил инженер на некој брод за научни истражувања кој бил заглавен во морето. Во книгата Raising the Bar која пижува за позади сцените за Half-Life 2, не пишува дека нивото на морето е значително смалено поради владееењето на Алијансата. Тој оригинално бил преживеан од бродот „Бореалис“ и требало да го сретне Гордон со мала група на бунтовници.

Во Half-Life 2, Одеса е претставен како водач на една мала група бунтовници покрај морето, во една база наречена „Нова Мала Одеса“ (New Little Odessa). Таму Кабиџ не му кажува на Фримен дека зборувал со Г-Мен. Тој му дава упатство како да ја крости базуката која ќе му ја даде да сруши еден ганшип кој постојано ги напаѓал.

Отец Григори[уреди | уреди извор]

Отец Григори

Отец Григори (Father Grigori) е монах на Руската Православна црква кој се појавува во малото гратче Рејвенхолм. Тој е единствениот преживеан човек во целото гратче.

Тој додека се бори со зомбињата и хедкрабите збори самиот со себе интузиастично, говорејки некои молитви. Тој во борбата користи единствена пушка, наречена „Анабел“ и стапици кој самиот ги направил. Тој му помага на Гордон Фримен да пројте низ Рејвенхолм и да излезе на брегот. Исто така тој му дава многу ефикасно оружје, а тоа е СПАС-12 шатганот и совети при користење на истиот. Григори ќе го однесе Гордон низ градските гробишта нападнати од зомбиња и низ рудникот. Григори му ја отвора вратата на Фримен до руднкиот, но тој не доаѓа. Понатаму тој продолжува злобно да се смее како и низ целиот град. Неговата судбина е непозната.

Григори е претставен со стари сини алишта. Тој носи крст на вратот и црвени патики. Тој е ќелав, има црна коса и има брада и мустаќи.

Дог[уреди | уреди извор]

Дог

Дог (во превод „куче“) е куче-робот кое го чува Алекс Венс во Источна Блек Меса. Илај го изградил Дог да ја чува Алекс кога била дете, а таа оттогаш го надоградува. Таа вели дека првиот модел бил околу пола метар висок, додека сега Дог е околу 2 метра висок. Откако Алекс ќе му го даде Гравити Ган-от на Гордон, Дог со својот сопствено вграден Гравити Ган му помага на Гордон да го совлада побрзо.

Дог е прво виден во Источна Блек Меса кога вежба со Гордон. Тој повторно е виден на средината на играта, пет глави подоцна кога ќе тргне заедно со Гордон до Тврдината. Дог ќе биде фатен од Алијансата и не е познато каде е однесен. Една глава подоцна, на самиот крај Дог се гледа заедно со Барни. Не е познато како избегал или каде бил однесен.

Бунтовниците од Отпорот[уреди | уреди извор]

Бунтовниците на Отпорот (rebels) се луѓе кои се борат против Алијансата во Half-Life 2. Тие првпат се среќаваат во главата Water Hazard. Нивната цел е да му помогнат на Д-р Фримен на секој начин и да освојуваат делови од градот. Нив повеќе може да ги видиме во главите Anticitizen One и Follow Freeman!. Во овие глави е веќе почната војната против Алијансата, и тие заедно со Фримен се борат во Сити 17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Characters, Combine OverWiki