Ливадски кос

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ливадски кос
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Дроздови
Род: Turdus
Вид: Ливадски кос
Биномен назив
Turdus pilaris
Linnaeus, 1758

Ливадскиот кос (науч. Turdus pilaris) е член на фамилијата дроздови. Се размножува во шумски и во предели со грмушки низ северна Европа и Азија. Таа е птица преселничка, со многу птици што живеат на север, кои се селат зиме на југ.

Гнездат во дрвјата, лежејќи неколку јајца во плетено гнездо. Невообичаено за дроздовите, ливадските косови често гнездат во колонии, можеби за да се заштитат од големите гаврани. Преселничките се собираат во големи јата заедно со лисестиот дрозд. Сештојади се, кои јадат широк спектар инсекти и црви лете, а разни бобинки зиме.

Ливадскиот кос е долг 22-27 см, со чисто кафеав грб, бел под крилјата, со сив заден дел и тил. Градите се светло портокалови, а останиот долен дел му е бел. Градите и страните се многу точкави. По изглед, половите се слични.

Ливадскиот кос е опишан од Linnaeus во неговата Systema naturae (1758) под името Turdus pilaris.[2]

Видот има широк опсег, на околу 10 милиони квадратни километри, голема популација, со приближно 28-48 милиони индивидуи само во Европа. Според статусот спаѓа во категоријата на најмала загриженост.[1]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Turdus pilaris. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106006405. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. (латински) Linnaeus, C (1758). „Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata.“. Holmiae. (Laurentii Salvii).. стр. 168. „T. rectricibus nigris : extimis margine interiore apice albicantibus, capite uropygioque cano.“ 

Надворешни врски[уреди]