Ливада, Арад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ливада
општина
Држава Романија
ОкругОкруг Арад
Население (2002)[1]2.892
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Локација во округот Арад

Ливада (романски: Livada) — општина во округот Арад во западна Романија, во која живеат 2.892 жители. Се состои од две села: Ливада и Сенлеани. Административниот центар Ливада е оддалечен 10 км од градот Арад.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот во 2002 година, во општината живеат 2.892 жители, од кои 86,6% се Романци, 11,3% Унгарци, 1,5% Германци и 0,6% се приапдници на некоја друга етничка заедница.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите пишани документи во кои се споменува Ливада датираат од 1553 година, додека Сенлеани се споменува во документи стари од 1302 година.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Примарна стопанска дејност во местото е земјоделството. Но, поради блискоста до административниот центар на кругот, во подем се и другите стопански гранки.

Наводи[уреди | уреди извор]