Либен (Шпревалд)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Либен (Шпревалд)
Замок Либен
Замок Либен
Грб на Либен (Шпревалд)
Либен (Шпревалд) се наоѓа во Германија
Либен (Шпревалд)
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Даме-Шпревалд
Градски единици 6
Градоначалник Лотар Бретербауер (CDU)
Основни податоци
Површина 119,91 км2
Надм. височина 50 м
Население 13.815 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 115 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LDS
Пошт. бр. 15907
Повик. бр. 03546
Портал www.luebben.de
Местоположбата на градот Либен (Шпревалд) во рамките на округот Даме-Шпревалд
Карта
Координати 51°57′00″ СГШ 13°54′00″ ИГД / 

Либен (Шпревалд) (германски: Lübben (Spreewald), долнолужички: Lubin (Błota)) е град и административно седиште на округот Даме-Шпревалд, во областа Долна Лужица, сојузната покраина Бранденбург, Германија.

Историја[уреди]

Замокот Лубин во Лужичката марка бил прв пат споменат во 1150, а самиот град добил градски права во 1220. Од 1301 градот бил во посед на монасите од Опатијата Добрилуг, кои го продале на војводата Рудолф I од Саксо-Витенберг во 1329. По неколку конфликти со маркгрофовите Вителсбах од Бранденбург, Лужичката марка конечно била освоена од императорот Карло IV во 1367, кој го припоил Либен во Кралството Бохемија. Во 15 век, Либен станал седиште на бохемискиот администратор и на покраинското собрание за Долна Лужица.

Во 1526, Хабсбуршката династија го наследила Кралството Бохемија, вклучувајќи ја Лужица, но во 1623 бил доделен на изборниот кнез Јохан Георг од Саксонија. Конечно со потпишување на Прашкиот мир, градот потпаднал под Саксонија. По Напеоновите војни повторно се нашол во пруската покраина Бранденбург.

Знаменитости[уреди]

  • Биосферен резерварт Шпревалд
  • Замок Либен, повторно изграден на средновековни темели во 17 век
  • Дворец Нојхаус во Штајнкирхен, изграден во 1801
  • Романескна црква Св. Панкрас во Штајнкирхен, изградена на почетокот на 13 век, една од најстарите зачувани цркви во Долна Лужица
  • Црква Паул Герхарт
  • Римокатоличка црква Св. Троица, изградена во 1862

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]