Лианг Гуанглие
| Лианг Гуанглие 梁光烈 |
|
|---|---|
Генералот Лианг Гуанглие отпоздравува |
|
|
|
|
| Во служба | |
| Стапил 2008 |
|
|
|
|
| Во служба | |
| Стапил 2008 |
|
| Претходник | Цао Гангчуан |
|
|
|
| Роден(а) | 1 декември 1940 Сантај, Миенјанг, Сичуан |
| Националност | Кинез |
| Партија | Комунистичка партија на Кина |
Лианг Гуанглие (кин. 梁光烈, пинјин: Liáng Guāngliè; р. 1 декември 1940 во Сантај, Миенјанг, Сичуан) е Министер за одбрана на Кина и генерал во Народната ослободителна армија на Кина.
Биографија [уреди]
Стапил во воена служба во јануари 1958, а се зачленил во Комунистичката партија на Кина во ноември 1959.
Од декември 1993 до јули 1995 бил на функцијата Начелник на генералштабот на Пекиншката воена област
Од јули 1995 до декември 1997 бил поткомандант на Пекиншката воена област.
Од декември 1997 до декември 1999 бил командант на Шенјаншкиот воен регион.
Од декември 1999 до ноември 2002 бил командант на Нанџиншката воена област и потсекретар на комитетот на комунистичката партија за Нанџинг.
Лианг бил Начелник на Генералштабот на кинеската Народна ослободителна армија од 2002 до 2007. Моментално служи како државен советник и Министер за национална одбрана. Покрај ова, Лианг членува и во Централниот воен комитет.
Наизменично членува и во XIII и XIV Централен комитет на Комунистичката партија, а член е и на XV, XVI и XVII Централен комитет.
Извори [уреди]
- „Лианг Гуанглие“. Народен Дневник. http://english.people.com.cn/data/people/liangguanglie.shtml. проверено на 2007-03-24.
- Кинескиот генерал Лианг Гуанглие назначен на клучна воена функција (Франс-Прес преку Стрејтс Тајмс)
| Воени функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Фу Чиенјоу |
Началник на Генералштабот на Народната ослободителна армија 2002–2007 |
Наследник Чен Бингде |
| Политички функции | ||
| Претходник Цао Гангчуан |
Министер за национална одбрана 2008– |
Наследник во служба |
|
|||||||
|
||||||||||||||