Летечкиот циркус на Монти Пајтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Летечкиот Циркус на Монти Пајтон
250px
(ДВД обвивка) – Членовите на Монти Пајтон - од лево кон десно:
Заден ред: Тери Гилијам, Џон Клиз, Греам Чепмен
Преден ред: Тери Џонс, Мајкл Палин, Ерик Ајдл
Формат Комедија со скечеви
Создадена од Греам Чепмен
Џон Клиз
Тери Гилијам
Ерик Ајдл
Тери Џонс
Мајкл Палин
Настапуваат Греам Чепмен
Џон Клиз
Тери Гилијам
Ерик Ајдл
Тери Џонс
Мајкл Палин
Керол Кливленд
Земја на потекло  Велика Британија
Број на епизоди 45 (Листа на епизоди)
Продукција
Времетраење 30-40 минути
Емитување
Канал на емитување Би-Би-Си
Емитување 5 окт 19695 дек 1974
Хронологија
Проследена од А сега, нешто сосема различно
Оваа статија се однесува на самата серија. За информации околу формирањето на групата, концептот на шоуто и историјатот на групата, види Монти Пајтон.


Летечкиот Циркус на Монти Пајтон (англиски: Monty Python’s Flying Circus) (познат и како Летечкиот Циркус, ЛЦМП или, во текот на последната сезона, само како Монти Пајтон) била популарна, надреална комедија со скечеви на групата комичари Монти Пајтон, чие емитување го одбележало раѓањето на овој култен британски состав. Шоуто било познато по начинот на кои обработувало неверојатни, речиси невозможни настани, инкомпонирајќи ризичен и алузивен хумор, кратки шеги и скечеви без употреба на зборови. Исто така, важен негов дел биле и анимациите на Тери Гилијам, кои често биле поврзани со жива акција. Првата епизода била снимена на 7 септември 1969 година, а била емитувана на 5 октомври истата година, на првиот канал на Би-Би-Си. Целата серија имала вкупно 45 епизоди, распоредени во четири сезони.[1]

Серијата на мета ги имала уникатностите на британскиот живот (особено оној на професионалците) и на моменти има политички конотации. Членовите на Монти Пајтон биле високо образовани интелектуалци (Тери Џонс и Мајкл Палин дипломирале на Оксфорд, а Ерик Ајдл, Џон Клиз и Греам Чепмен дипломирале на Универзитетот во Кембриџ; единствениот тогашен американец во Монти Пајтон - Тери Гилијам има диплома од колеџот Оксидентал), поради што нивниот хумор е интелектуален - често има врска со цитатите на некои философски и литературни ликови.[2]

Тимот направил нивниот хумор да не може да се дефинира и бил толку успешен на ова поле, што морало да се измисли зборот пајтоновски за да се дефинира нивниот стил. И покрај ова, Тери Џонс, во едно свое интервју, рекол дека самиот факт што се измислил нов збор за да го опише нивниот хумор покажува колку била неуспешна нивната мисија. Пајтоновскиот хумор може да се окарактеризира како апсурден, надреален, па дури и дадаистички.

Препознатливата насловна тема на серијата бил првиот сегмент од Ѕвоното на Слободата, познатиот марш на Џон Филип Соуса.

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:


Наводи[уреди]

  1. Антена, број 832, 5.6.2014, стр. 23.
  2. Антена, број 832, 5.6.2014, стр. 23.



Монти Пајтон MontyPythonFootLeftSmall.jpg
Членови Греам ЧепменЏон КлизТери ГилијамЕрик АјдлТери ЏонсМајкл Палин
Филмови и ТВ серии Летечкиот циркус на Монти Пајтон  • А сега, нешто сосема различно  • Монти Пајтон и Светиот Грал  • Житието на Брајан според Монти Пајтон  • Монти Пајтон во живо на Холивуд Боул  • Смислата на животот