Летечкиот циркус на Монти Пајтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Летечкиот Циркус на Монти Пајтон
Податотека:CompleteFlyingCircusDVD.jpg
(ДВД обвивка) – Членовите на Монти Пајтон - од лево кон десно:
Заден ред: Тери Гилијам, Џон Клиз, Греам Чепмен
Преден ред: Тери Џонс, Мајкл Палин, Ерик Ајдл
Создадена одГреам Чепмен
Џон Клиз
Тери Гилијам
Ерик Ајдл
Тери Џонс
Мајкл Палин
УлогиГреам Чепмен
Џон Клиз
Тери Гилијам
Ерик Ајдл
Тери Џонс
Мајкл Палин
Керол Кливленд
Земја на потекло Обединето Кралство
Бр. на епизоди45 (список на епизоди)
Продукција
Времетраење30-40 минути
Прикажување
Првична мрежаБи-Би-Си
Првично прикажување5 окт 1969 – 5 дек 1974
Хронологија
СледбеникА сега, нешто сосема различно
Оваа статија се однесува на самата серија. За информации околу формирањето на групата, концептот на шоуто и историјатот на групата, види Монти Пајтон.


Летечкиот Циркус на Монти Пајтон (англиски: Monty Python’s Flying Circus) (познат и како Летечкиот Циркус, ЛЦМП или, во текот на последната сезона, само како Монти Пајтон) била популарна, надреална комедија со скечеви на групата комичари Монти Пајтон, чие емитување го одбележало раѓањето на овој култен британски состав. Шоуто било познато по начинот на кои обработувало неверојатни, речиси невозможни настани, инкомпонирајќи ризичен и алузивен хумор, кратки шеги и скечеви без употреба на зборови. Исто така, важен негов дел биле и анимациите на Тери Гилијам, кои често биле поврзани со жива акција. Првата епизода била снимена на 7 септември 1969 година, а била емитувана на 5 октомври истата година, на првиот канал на Би-Би-Си. Целата серија имала вкупно 45 епизоди, распоредени во четири сезони.[1]

Серијата на мета ги имала уникатностите на британскиот живот (особено оној на професионалците) и на моменти има политички конотации. Членовите на Монти Пајтон биле високо образовани интелектуалци (Тери Џонс и Мајкл Палин дипломирале на Оксфорд, а Ерик Ајдл, Џон Клиз и Греам Чепмен дипломирале на Универзитетот во Кембриџ; единствениот тогашен американец во Монти Пајтон - Тери Гилијам има диплома од колеџот Оксидентал), поради што нивниот хумор е интелектуален - често има врска со цитатите на некои филозофски и литературни ликови.[2]

Тимот направил нивниот хумор да не може да се дефинира и бил толку успешен на ова поле, што морало да се измисли зборот пајтоновски за да се дефинира нивниот стил. И покрај ова, Тери Џонс, во едно свое интервју, рекол дека самиот факт што се измислил нов збор за да го опише нивниот хумор покажува колку била неуспешна нивната мисија. Пајтоновскиот хумор може да се окарактеризира како апсурден, надреален, па дури и дадаистички.

Препознатливата насловна тема на серијата бил првиот сегмент од Ѕвоното на Слободата, познатиот марш на Џон Филип Соуса.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со:


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 832, 5.6.2014, стр. 23.
  2. Антена, број 832, 5.6.2014, стр. 23.



Монти Пајтон
Членови Греам ЧепменЏон КлизТери ГилијамЕрик АјдлТери ЏонсМајкл Палин
Филмови и ТВ серии Летечкиот циркус на Монти Пајтон  • А сега, нешто сосема различно  • Монти Пајтон и Светиот Грал  • Житието на Брајан според Монти Пајтон  • Монти Пајтон во живо на Холивуд Боул  • Смислата на животот