Летен јоргован
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Летен јоргован | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Нерангирано: | Скриеносемени |
| Нерангирано: | Евдикоти |
| Нерангирано: | Астериди |
| Ред: | Усноцветни |
| Фамилија: | Будлеи |
| Род: | Будлеја |
| Вид: | Летен јоргован |
| Биномен назив | |
| Buddleja davidii Франш. |
|
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Летен јоргован“ |
Летниот јоргован (лат. Buddleja davidii, застарено Buddleia davidii) е грмушка од фамилијата Будлеи. Растението потекнува од северозападна Кина и Јапонија. Нашироко се користи како украсно растение, а се одгледуваат и многубројни сорти.
Во многу земји, како на пример Англија, ова е инвазивно растение, а пак во сојузните држави Орегон и Вашингтон во САД, летниот јоргован се смета за штетен коров .
Овој вид е натурализиран во највеќето градови во средна и јужна Европа, каде може да се прошири по пустелии и градини. Летниот јоргован претставува важен дел од исхраната на многу видови на пеперутки.
Растението не е прилагодено на остри континентални зими, и угинува на температури под -15 °C до -20 °C.
