Леош Јаначек

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Леош Јаначек (на чешки: Leos Janacek /lɛoʃ ˈjanaːtʃɛk/), според крстеното име Лео Еуген Јаначек, 3 јули 1854 – 12 август 1928) бил чешки композитор, теоретичар, фолклорист, публицист и учител. Тој црпел инспирација од моравската и целата славјанска народна музика за да креира еден оригинален, модерен музички стил.[1] До 1895 се посветувал главно на истражувањето на фолклорот и во прво време бил инспириран од некои свои современици како Антонин Дворжак.[1] Неговото подоцнежно дело ги вметнува неговите рани студии на фолклорот во едн модерна, високо оригинална синтеза, првпат воочена во операта Јенуфа, премиерно изведена во 1904 во Брно.[2] Успехот на Јенуфа (честопати нарекувана "Моравска народна опера") во Прага во 1916 му овозможил на Јаначек пристап до најголемите светски оперски сцени.[3][4] Најпознати се подоцнежните дела на Јаначек, вклучително симфониската поема Синфониета, ораториумот Глаголска миса, рапсодијата Тарас Булба, виолинските квартети, друга камерна музика и опери. Тој заедно во рангот со Антонин Дворжак и Бедрих Сметана, се смета за еден од најзначајните чешки композитори.[1][5]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Sehnal and Vysloužil (2001), p. 175 (чешки)
  2. Sehnal and Vysloužil (2001), p. 183 (чешки)
  3. Sehnal and Vysloužil (2001), p. 184 (чешки)
  4. Sehnal and Vysloužil (2001), p. 185 (чешки)
  5. Československý hudební slovník osob a institucí I. (1963), p. 559 (чешки)