Леопардот од централните провинции

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Леопардот од централниоте провинции познат и како Ѓаволски итриот пантер, бил човекојаден мажјак од индиски леопард кој за период од неколку години убил над 150 луѓе, сите жени и деца. Овој леопард напаѓал во Централните провинции (Индија) на почетокот на 20-тиот век. Леопардот ловел секои 2-3 дена, секогаш на различна локација од последната, и понекогаш овие напади биле одалечени и 32-48 километри. Нападите предизвикале голема паника меѓу населението, па локалното население ретко излегувало од нивните домови само или ненаоружано.

[уреди] Лов на леопардот

Непознат британски ловец, откако собрал доволно информации од локалната власт, поставил штаб во едно поголемо село. По 10 дена, ловецот бил информиран дека леопардот влегол во колиба во село кое било оддалечено една милја (1,6 километри) од неговиот штаб, и неуспешно се обидел да одвлече мало девојче. Два дена подоцнa, леопардот повторно нападнал во друго село. Ловецот 3 недели го барал леопардот но потрегата била неуспешна.

Со растењето на бројот на жртвите, ловецот планирал до го премести кампот, но момче од село кое било оддалечено само 4 милји (6,4 киломтри) тврдел дека леопардот го одвлечкал неговиот брат додека ги воделе кравите. Ловецот го нашол телото на момчето и останал да чека надевајќи се дека леопардот ќе се врати. Леопардот се вратил ноќта, но ловецот не успеал да го застрела поради темнината. Леопардот се враќал повеќепати таа ноќ, но обидите на ловецот останале неуспешни. По изгрејсонце, леопардот го немало, а ловецот безуспешно трагал по него. Втората ноќ леопардот се доближил до шаторот на ловецот, меѓутоа избегал откако бил забележан од селаните.

[уреди] Убивање на леопардот

Три дена подоцна леопардот нападнал коза на Гонди фармер. Леопардот за кратко време повторно се вртил на истото место и бил застрелан од страна на фармерот. Крзното и дел од содржината во стомакот (во која имало човечка коса, што докажувало дека леопардот е човекојадец), му биле покажани на британскиот ловец. Ловецот ја откупил кожата за 10 рупии, и подоцна запишал дека кожата и ноктите во во солидна состојба, што не се очекувало од старо и немоќно животно. По проучување на крзното не биле откриени никакви знаци на стари повреди кои би го спречиле леопардот да лови вистински плен, поради што заклучиле дека најверојатно леопардот како младенче бил хранет со човечко месо од неговата мајка, за која исто така се смета дека била човекојадец.

[уреди] Наводи

  • A Devilish Cunning Panther from Tales from the Outposts, Pardesi, Blackwood, 1933 © 1933 by William Blackwood and Sons


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици