Леон (Никарагва)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Леон
—  Општина  —
Катедралата „Успение на Марија“

Знаме

Амблем
Координати: 12°26′00″ СГШ 86°53′12″ ЗГД / 
Држава Никарагва
Департман Леон
Надм. вис. 86 м
Население (2005)
 • Вкупно 175.000 жит.
Час. појас CST (UTC-6)

Леон (шпански: León, полно име Santiago de los Caballeros de León) е град во западниот дел на средноамериканската држава Никарагва. Седиште е и на истоимениот департман. Според податоците од 2005 во градот живееле околу 175,000 жители. По ова Леон е втор по големи на град во земјата по Манагва.

Леон се наоѓа на реката Чикито, 93 километри северозападно од Манагва и 17 километри источно од брегот на Тихиот Океан.

Леон во 1524 бил основан од страна на конкистадорот Франсиско Ернандез де Кордоба. Првобитниот (стар) Леон (León Viejo) се наоѓал на околу 30 километри од денешниот град. По ерупцијата на вулканот Момотомбо во 1610 година, градот тешко страдал, па бил одново изграден во близина на домородската населба Субтијаба. Универзитетот во Леон е основан во 1813 година. Рушевините од стариот Леон во 2000 се прогласени за дел од светското наследство на УНЕСКО.

Кога Никарагва во 1839 се повлекла од Обединетите покраини на Средна Америка, Леон станал нејзин главен град. Со договорот од 1858 година било одлучено главниот град на Никарагва да биде Манагвa.

Надворешни врски[уреди]