Лезбејски феминизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Лезбејскиот феминизам е стојалиште дека жени кои заемно се посветени на политичка, сексуална и економска поддршка, овозможуваат алтернативен модел на постоечките машко/женски односи кои лезбејките ги гледаат како угнетувачки. Тие тврдат дека лезбејскиот феминизам вклучува и сексуална преференција и политички избор, бидејќи ги одбива машките дефиниции на животите на жените. Со исказот - „феминизмот е теорија, лезбејството е практика”, лезбејскиот феминизам станува примарна сила во радикалната женска култура. Лезбејскиот феминизам ги напаѓа и институциите на хетеросексуалноста како центри на патријархатот. Лезбејките се радикали на феминистичкото движење, бидејќи само тие можат да мислат радикално за социјалните промени и родови договори поради нивната ослободеност од конвенционалната хетеросексуалност.[1]

Белешки[уреди]

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. http://www.zdruzenska.org.mk/article.asp?id=336. конс. 22 мај 2009.