Леден хотел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Леден хотел

Ледениот хотел се прави во ноември во северните и ладни земји како на пример Шведска и Канада, а се затвора на почетокот на пролетта кога времето се стоплува и почнува да се топи. Хотелот од мраз е привремена градба направен од снег, блокови од мраз и челична основа. Има специјални понуди и особини за оние кои сакаат да го посетат и кои се заинтересирани за новитети и необично опкружување. Сите соби и ходници во хотелот се исполнети со различни скулптури од мраз, па дури и најмали детали како чашите и садовите. Ваквите хотели се реконструираат секоја година и се зависни од ниските температури во текот на нивната изградба. Конструкцијата на хотелот се држи со помош на супстанца, таканаречена сник, која го заменува малтерот.

Најпознати ледени хотели[уреди | уреди извор]