Мраз

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лед)
Мраз формиран околу гранките на едно дрво.

Мразот претставува цврста агрегатна состојба на водата. Водата во нормални услови преминува од течна во цврста агрегатна состојба на температура од 0 °C. Поради специфичното просторно распоредување на молекулите вода, мразот има помала густина од водата (за приближно 8,5%) и поради тоа плови на нејзината површина. Специфичната топлина на мразот е двојно помала од онаа на водата во течна состојба. Поради тоа мразот брзо се формира на површината на водата разладена на температура од 0 °C, а за неговото топење е потребно двојно помало количество топлина. Со зголемување на соленоста на водата се намалува нејзината точка на заледување. Така морската вода замрзнува на температура од -1,91 °C. Најголема количина лед во биосферата има на поларните капи.

Но мразот не е својствен само за водата. Всушност тој вид лед се нарекува воден мраз. Имено речиси секоја гасовита супстанца при одредена температура и притисок може да премине во состојба на мраз. Во вселената е познато постоење на воден мраз, но исто така има и на пример метански мраз на Плутон или мраз од амонијак на нешто поблискиот Уран.

Мразот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 117.
  2. Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 259.
  3. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 46-48.
  4. Официјално мрежно место на Ајс Кјуб (пристапено на 2.3.2017)
  5. DISCOGS, The Creatures – Feast (пристапено на 16.8.2021)
  6. DISCOGS, Metallica ‎– Ride The Lightning (пристапено на 12.9.2020)
  7. DISCOGS, The Stranglers – The Raven (пристапено на 24.4.2021)
  8. YouTube, Ice cold ice - Husker-Du (пристапено на 2.3.2017)