Леголас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Орландо Блум во улогата на Леголас

Леголас е лик од трилогијата на Џ.Р.Р. Толкин Господар на прстените. Тој е виленик од Мирквуд и еден од членовите во „Дружината на прстенот“.

За ликот[уреди | уреди извор]

Леголас Гринлиф бил син на Трандуил, кралот на царството шуми од северен Мирквуд,[1] и се појавува како „крал на вилениците“ во Хобитот.[2]

Иако Леголас живеел меѓу Силванските виленикови, тој не бил дел од нив. Неговиот татко потекнувал од Линдон, а тој и неговиот син се всушност Синдар, или „Сиви виленици“, во еднина Синда, а нивниот јазик бил синдарински. Малата група на Синдар (кои ги води Трандуил во книгата Хобитот, владеат со царството шуми Силван. Трандуил бил син на Орофер. Мајката на Леголас воопшто не е спомената, а вилениците од Мирквуд немале кралица во времето опфатено во книгата Хобитот.

Леголас се појавува првпат како лик во Дружината на прстенот, на советот на Елронд во Ривендел, каде доаѓа како гласник на неговиот татко.[1] Леголас е избран како член на дружината која треба да го уништи прстенот. Тој ги придружува останатите членови при патувањето од Ривендел до Амон Хен, а во групата е стрелец.[3]

Кога дружината е во стапица поради снежната бура на патот преку планината Карадрас, Леголас е извидник, и само тој не пропаѓа во снегот, бидејќи е полесен. Но, иако Леголас ги информира дека се речиси блиску до крајот, Гандалф решава да го продолжат патот преку подземниот премин низ Морија, древното кралство на џуџињата. Неколкумина, меѓу кои и Леголас, не сакаат да патуваат од таму. Пред да стигнат до Морија, Леголас помага да се избегне нападот на волците на Саурон. На патешествието низ Морија, Леголас учествува во борбите против Орките и прв го препознава чудовиштето Балрог.[4] Откако Гандалф паѓа во провалијата при соочувањето со Балрог, Арагорн ја води дружината и ги носи во царството на вилениците, во Лотлореин, Златната Шума. Леголас е првиот кој преговара со тамошните жители за дружината.[5]

На почеток, Леголас и џуџето Гимли се во непријателство, поради древната кавга меѓу вилениците и џуџињата, а и поради тоа што Трандуил еднаш го ставил таткото на Гимли во затвор.[2] Но, Леголас и Гимли стануваат пријатели. Кралицата на вилениците Галадриел им дава на членовите на дружината подароци, и тие заминуваат понатаму. Леголас добива како подарок долг лак, а меѓу другите подароци за сите е и лебот лембас.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Толкин, Џ. Р. Р. (1954), Пријателството на прстенот, Господарот на прстените, Бостон: Houghton Mifflin, The Council of Elrond, OCLC 9552942
  2. 2,0 2,1 Толкин, Џ. Р. Р. (1937). Даглас А. Андерсон (уред.). Обележаниот хобит. Бостон: Houghton Mifflin (објав. 2002). ISBN 978-0-618-13470-0.
  3. Толкин, Џ. Р. Р. (1954), Пријателството на прстенот, Господарот на прстените, Бостон: Houghton Mifflin, "The Ring Goes South", OCLC 9552942
  4. Толкин, Џ. Р. Р. (1954), Пријателството на прстенот, Господарот на прстените, Бостон: Houghton Mifflin, "The Bridge of Khazad-dûm, OCLC 9552942
  5. Толкин, Џ. Р. Р. (1954), Пријателството на прстенот, Господарот на прстените, Бостон: Houghton Mifflin, "Lothlórien", OCLC 9552942
  6. Толкин, Џ. Р. Р. (1954), Пријателството на прстенот, Господарот на прстените, Бостон: Houghton Mifflin, "Farewell to Lórien", OCLC 9552942

Надворешни врски[уреди | уреди извор]