Леб и рози

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Леб и рози“ (англиски. Bread and Roses) е игран филм од 2000 година на англискиот режисер Кен Лоуч. Филмот ја прикажува борбата на лошо-платените хигиеничарки и хигиеничари во Лос Анџелес за подобри работни услови и за остварување на нивното право на синдикално организирање. Дејствието на филмот се темели на кампањата „Правда за хигиеничарите“ на Меѓународниот синдикат на услужните работници.

„Леб и рози“ критички го обработува проблемот на економската нееднаквост во САД, а потенциран е и проблемот со здравственото осигурување.

Насловот на филмот упатува на познатиот штрајк на текстилните работнички во Лоренс, Масачусетс, од 1912 година. Овој штрајк често се нарекува штрајк за леб и рози и претставува една од првите победи на работничките во светот и има истакнато место во борбата на жените за полова рамноправност.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]