Ла Скала (Милано)
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Миланската Скала (итал. Teatro alla Scala или La Scala) во Милано е една од најпознатите оперски куќи во светот. Театарот бил отворен на 3. август 1778, откако претходниот бил уништен од пожар.
Оперската сезона традиционално започнува на денот на Св. Амброзиј, патронот на Милано. Сите претстави мораат да завршат пред полноќ, затоа долгите опери почнуваат и порано. Влезот не е дозволен откако ќе започне претставата.
Музејот Ла Скала е сместен во истата зграда и содржи вредна колекција на слики, цртежи, статуи, костими и документи поврзани со операта и историјата на театарот Ла Скала.
Театарот е домаќин и на Академијата на изведувачки уметности, чија цел е да ги едуцира младите музичари, технички персонал и танчери.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |