Ла Глорија Кубана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логото на Ла Глорија Кубана

Ла Глорија Кубана (шпан. La Gloria Cubana) е име на две ексклузивни марки на пури, една од Куба (Хабанос СА), државната фирма, а друга од Доминиканска Република и Мајами, Флорида од Ел Кредито за Џенерал Сигар.

Историја[уреди | уреди извор]

Марката Ла Глорија Кубана била создадена во 1885 од фирмата Социедад Кабањас и Кастро, која по 20 години (1905) била купена од Хосе Ф. Роча, кој ја произведувал оваа марка во неговата фабрика во Хавана. По неговата смрт во 1954, семјеството Сифуентес ги купило марките Ла Глорија Кубана и Боливар од неговата поранешна фирма. Производството било преместено во фабриката Партагас, каде истото се одвива и ден денес, и каде станала многу популарна извозна марка.

По Кубанската револуција, производството на Ла Глорија Кубана престанало за неколку години, сѐ до околу 1965. Овие пури се произведуваат во помали количества од другите марки и ја држат својата популарност кај познавачите, од кои најценета витола е Médaille d'Or No. 2.

Ла Глорија Кубана има и две машински произведени цигариљоси: Mini и Purito.

Витоли во производната линија на ла Глорија Кубана[уреди | уреди извор]

Кутија Ла Глорија Кубана Hermoso

Ова е список на витоли (големини) на Ла Глорија Кубана со нивите големини и фабрички називи (vitolas de galera), како и нивните разговорни називи според американската терминологија[1].

Рачно-изработени витоли

  • Taíno - (7" x 47) 178 x 18.65 mm Julieta, черчил
  • Médaille d'Or No. 1 - 185 x 14.29 mm (7 1/4" x 36) Delicado Extra, долга панетела
  • Médaille d'Or No. 2 - 170 x 17.07 mm (6 3/4" x 43) Dalia, лонсдејл
  • Médaille d'Or No. 3 - 175 x 11.11 mm (6 7/8" x 28) Panatela Larga, тенка панетела
  • Médaille d'Or No. 4 - 152 x 12.70 mm (6" x 32) Palmita, панетела

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „La Gloria Cubana“. cubancigarwebsite.com.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]