Лајшманиоза

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Лајшманиоза
Класификација и надворешни извори

Кожен улцер како последица на лајшманиоза
МКБ-10 B55
МКБ-9 085
DiseasesDB 3266 29171 3266 7070
MedlinePlus 001386
eMedicine emerg/296
MeSH D007896

Лајшманиоза e паразитско заболување што го предизвикува протозоа (едноклеточен паразит) од родот лајшманија. Паразитот го напаѓа одбранбениот систем на организмот и ако не се лекува, може да прерасне во сериозно заболување и да доведе до смртни последици.[1]

Содржина

[уреди] Видови

Лајшманиозата се јавува во три облици:

  • Кутана (кожна)
  • Мукокутана (кожно-слузничава)
  • Кала-азар (“црна смрт“, со зафаќање на органите)

Годишно во светот заболуваат околу 1,5 милион лица од кожниот облик на лајшманиоза и околу половина милион од Кала-азар.

[уреди] Период на разболување

Лајшманиоза - кутана од 1917 год. на Средниот Исток, позната како “копчињата на Јерихон“, поради засчестените вакви случаи во близина на античкиот град Јерихон

Паразитот го пренесува тропската мушичка Flebotomus papataci, преку каснување и вшприцување во кожата. Времето што поминува од инфекцијата (каснувањето на заразен Flebotomus) до појавата на првите симптоми на болеста (времето на инкубација) изнесува:

  • од 7 дена до неколку месеци за Кутана (кожната лајшманиоза)
  • од 10 дена до неколку години за Кала-азар

Заболениот човек, пак, претставува извор на зараза за Flebotomus-от од неколку месеци до две години.

[уреди] Симптоми

По болниот убод на мушичката, на кожата се создава црвена раничка, која најчесто е безболна и во наредните денови се шири. Понекогаш раничката добива улцерозен карактер (од една или две ранички се создава рана која личи на вулкан - со издигнати краеви и централен кратер). Во тој регион лимфните јазли можат да бидат зголемени.

[уреди] Лекување

До излекување доаѓа спонтано или по спроведена терапија. Нелекуваните промени може да траат со месеци, па и години. Подобро е промените на кожата да се лекуваат, отколку да се остават сами да зараснат, бидејќи можат да остават грди лузни. Истот така, постои опасност паразитот да остане скриен во организмот и по повлекувањето на промените на кожата, и да дојде до рецидиви (враќање на болеста во случај на ослабнување на имунитетот).

[уреди] Распространетост

Распространетоста на лајшманиозата е условено од присуството на мушичката Flebotomus на одредена територија.

Болеста е распространета во региони каде има долги периоди на суво и топло време, односно во умерениот, тропскиот и суптропскиот климатски појас.

Запрашувањето на комарците со средства за дезинфекција, со цел да се искорени маларијата, придонело и за намалување на бројот на Flebotomus-от и заболените од лајшманиоза.

Болеста е регистрирана во 88 земји во светот, каде живеат околу 350 милиони луѓе:

Потешка форма на болеста, со зафаќање на внатрешните органи е регистрирана во Азија (Индија, Бангладеш, Непал), Африка (Судан) и Јужна Америка (Бразил).

[уреди] Извори

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици