Лајб Квитко

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лајб Квитко (руски: Лейб Квитко, (15 октомври 1890 - 12 август 1952) — прочуен еврејски поет, автор на добро-познати детски песни и член на Еврејскиот Антифашистички Комитет (ЕАК). Еден е од уредниците на Einigkeit (весникот на ЕАК) и на Heymland, литературно списание.

Лајб Квитко, насловна на Heymland, литературно списание

Роден е во украински штетл, посетува традиционална еврејска религиозна школа за момчиња (хедер) и рано останува сирак. Се преселува во Киев во 1917 година и наскоро станува еден од водечките еврејски поети и членови на "Киевската група". Живее во Германија меѓу 1921 и 1925 година и таму се зачленува во Комунистичката партија. Почнува да ги издава своите први песни кои се многу добро прифатени од критиката. Се враќа во СССР во 1925 и се преселува во Москва во 1936; по три години станува член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (КПСС). Во тој период неговото творештво безмалку потполно се ориентира кон пишување на песни за деца и сосема е подложно на влијанието на социјалистичкиот реализам.

Убиен е во Москва на 12 август 1952 година, заедно со уште дванасет видни еврејски интелектуалци во масакрот познат под името Ноќта на убиените поети. Бил рехабилитиран во 1955.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Списки жертв“. Lists.memo.ru. Посетено на 31 јануари 2024.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]