Лаура Бјаџоти
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Лаура Бјаџоти (итал. Laura Biagiotti, родена во 1943 година во Рим, Италија) е италијанска модна креаторка.
Содржина |
Биографија [уреди]
Лаура Бјаџоти студирала книжевност во Рим, а имала желба да стане археолог. Во светот на модата влегла така што почнала да ѝ помага на својата мајка која работела како кројачка, а својата прва колекција ја претставила во 1972 година.
Извесно време живеела во Пекинг, а била и првиот италијански моден креатор кој ја претставил својата колекција во Кина, на 25 април 1988 година.
Лаура Бјаџоти е претседател на Комитетот Леонардо, здружение кое ја доделува годишната награда на италијанските дизајнери за нивните придонеси во подобрување на сликата на Италија во светот.
Награди [уреди]
- На венецијанскиот филмски фестивал во 1985 година ја добила специјалната награда Златен лав за мода.
- Во 1992 година во Њујорк ја примила наградата за Жена на годината.
- Една година подоцна во Пекинг ѝ е доделена наградата Марко Поло.
- Во 1995 год. добила признание за својата работа од страна на тогашниот италијански претседател Оскар Луиџи Скалфаро.
- Во 2002 година, во част на 30 години од кариерата, италијанската Пошта издала марка посветена на Лаура Бјаџоти во вредност од 0,41 евра.
- Во април 2004 година изабрана е за моден советник во националната Комора за мода.
- Во 2007 година во Венеција ѝ е деделена наградата Златен лав за мода, во рамките на филмскиот фестивал во Венеција.
Историски модни ревии [уреди]
- 25 април 1988 год.: во Пекинг 30 манекенки ги носат најзначајните креации на Лаура Бјаџоти.
- 5 февруари 1995 год.: Лаура Бјаџоти е првиот италијански моден креатор кој ја претставил својата колекција во Москва.
- 1997: На покана од Сузан Мубарак, сопруга на египетскиот претседател, италијанската креаторка ја претставува својата колекција во Каиро, во корист на локалниот Црвен крст.
Надворешни врски [уреди]
- Официјален сајт (италијански) (англиски)
- Презентација на Комитетот Леонардо (англиски) (италијански)
