Лас Вегас (ТВ серија)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Лас Вегас | |
| Формат | крими, драма, комедија |
|---|---|
| Создадена од | Гери Скот Томпсон |
| Настапуваат | Џош Духамел Ванеса Марсил Џејмс Лежр Моли Симс Том Селек |
| Земја на потекло | |
| Број на епизоди | 87 |
| Продукција | |
| Времетраење | 41 минута (по епизода) |
| Емитување | |
| Канал на емитување | NBC |
| Формат на слика | 480i (SDTV), 1080i (HDTV) |
| Период на прикажување | 22 септември 2003 |
Лас Вегас е американска драмска серија за тим луѓе кои работат во фиктивното казино Монтесито во Лас Вегас. Тие се справуваат со проблеми во работната средина, како што е сигурноста во казиното. Премиерата на Лас Вегас беше на 22 септември 2003 на NBC. Се емитува во повеќе од 70 земји, а ние ја гледаме на Сител телевизија.
Позадина [уреди]
Центар на серијата е Ед Дилејн (Џејмс Кан), строг поранешен ЦИА агент кој прво бил главен во одделот за сигурност на казиното, а станал главен директор на Монтесито. Друг главен лик е поранешниот маринец Дени Мекој (Џош Духамел), кој се смета за десна рака на Ед Дилејн. Тој е главен во одделот за сигурност и негова задача е да истражи сомнителни лица кои влегле во казиното. Други ликови кои работат со Дилејн и Мекој се Мери Конел(Ники Кокс), пријателка од детството на Дени и поранешна свршеница; Сем Маркез (Ванеса Марсил) манипулативна бизнисменка која се смета за најдобра водителка во казиното; ќерката на Ед, Делинда Дилејн (Моли Симс) е менаџерка на ресторанот на Монтесито, Мистик.
Информации за сезоните [уреди]
Лас Вегас има четири комплетни сезони, од кои три веќе ги има и на ДВД. Обновена е и за петта сезона која ке почне во септември 2007, но во неа нема повеќе да бидат Џејмс Кан и Ники Кокс. На местото на Џејмс Кан, влегува Том Селек.