Ласло Краснахоркаи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ласло Краснахоркаи (унгарски: Krasznahorkai László), (1954, Ѓула, Унгарија -) е современ унгарски писател.

Биографија[уреди]

Ласло Краснахоркаи е роден во 1954 година во Ѓула. Студирал право во Сегедин, а потоа унгарски јазик во Будимпешта. Од 1983 година работи како професионален писател.[1]

Творештво[уреди]

Краснахоркаи е автор на поголем број прозни дела кои се преведени на повеќе европски јазици: шпански, полски, германски, француски, шведски, чешки, српски, бугарски, украински, и англиски. Исто така, неговиот расказ "Последниот брод" е објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".[2]

Негови поважни дела се:[3]

  • Сатанско танго (роман), 1985 година
  • Околности за милост (раскази), 1986 година
  • Меланхолија на отпорот (роман), 1986 година
  • Затвореникот од Урга (роман), 1992 година
  • Војна и војна (роман), 1999 година
  • Рид на север, езеро на југ, патишта на запад, река на исток (роман), 2003 година
  • Напуштеност и безнадежност под небото (роман), 2004 година


Признанија[уреди]

Краснахоркаи е добитник на повеќе награди, како што се:[4]


Наводи[уреди]

  1. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 228.
  2. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.
  3. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 229.
  4. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 229.