Ланганско Езеро

Координати: 7°36′N 38°43′E / 7.600° СГШ; 38.717° ИГД / 7.600; 38.717
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ланганско Езеро
Координати7°36′N 38°43′E / 7.600° СГШ; 38.717° ИГД / 7.600; 38.717
Сливни земјиЕтиопија
Најг. должина18 km км
Најг. ширина16 km км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
230 км2 км2
Најг. длабочина46 m м
Надм. височина1,585 m м
Мапа на средишните езера во Етиопија

Ланганското езеро е езеро во регионот Оромија во Етиопија, оддалечено од околу 150 км јужно од главниот град Адис Абеба. Прв Европеец којшто ги изнел податоците за постоењето на тоа езеро во 1900 година бил Оскар Нојман, тој го нарекувал ова езеро Езеро Коре.[1]

Географски одлики[уреди | уреди извор]

Езерото лежи на надморска височина од 1,585 метри, источно од езерото Абијата во Големата расадна долина, на границата на зоната Мисрак Шо и Арси Езерото добива вода од планината Арси, а водата истекува на јужниот дел на езерото преку реката Хора Кало, која теча до езерото Абијата. Сливот на езерото опфаќа 1,600 км2.[2] Најблиско поголемо место е Шашамене кое се наоѓа 42 километри јужно од езерото.

Бреговите на езерото се главно стеновити, поготово на источната страна, ама има и делови од брегот на југ коишто се мочурливи. Водата во езерото е со црвенкасто-кафеава боја, температурата варира помеѓу 22-26.5 °C, pH вредноста е блиску 9,1. Вкупната концентрација на растворени цврсти материи се движи меѓу 1250-1650 мг/л, додека пак средната концентрација на кислород 4 мг/л. Нивото на езерото во текот на изминатите 25 години варирала од 1,7 m, додека пак највисока било во 1969 година а најмало 1974.. Годишните осцилации на нивото на езерото се под еден метар.[2]

Покрај Ланганското Езеро бил епицентарот на два јаки земјотреси, првиот бил во 1906 со магнитуда од 6,8 по Рихтеровата скала, вториот во 1985 година со јачина од 6,2[3]

Југозападниот брег на Лаганското Езеро

Економија[уреди | уреди извор]

Долж бреговите на езерото има помали населби, чии жители се занимаваат со риболов ({{Латински:Oreochromis niloticus}}). Тука има и еден хотел, кој ги прифача гостите од блискиот национален парк „Rift Valley“ Водите во ова езеро немаат водни паразити, за разлика од поголемиот број други слатководни езеро во Етиопија. Ланганското Езеро е популарно помеѓу излетниците од градовите.

Флора и фауна на езерото[уреди | уреди извор]

Покрај Лаганското Езеро има доста изворни африкански животни. Има нилски коњи, мајмуни, брадавичести свињи, многу птици, но нема крокодили. Во оклината има многу села, а поради тоа нема многу шуми.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Neumann, "From the Somali Coast through Southern Ethiopia to the Sudan", Geographical Journal, 20 (октомври 1902), стр. 373-398
  2. 2,0 2,1 Lake Lagnano ramsar.wetlands.org/Portals/15/ETHIOPIA
  3. "Earthquake Risks in Addis Ababa and other Major Ethiopian Cities - Will the Country be Caught Off-guarded?" Архивирано на 25 февруари 2010 г. by Dr. Samuel Kinde, published March 2002