Лампуншки јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лампуншки јазици)
Лампуншки
Застапен воИндонезија
Подрачјејужна Суматра
НародЛампунзи
Говорници1,5 милиони  (2000)
Јазично семејство
австронезиско
Писмолампуншко писмо, латиница
Јазични кодови
ISO 639-3Разни:
ljp — апи
abl — њо
kge — комериншки

Лампуншки јазик — јазик што се говори во покраината Лампунг, на јужниот врв на островот Суматра, Индонезија. Претставува потесна дијалектна група од два главни дијалекта кои можеби се достатно различни за да бидат псоебни јазици: њо (Abung/Pepadun, Lampung Nyo) и апи (Pesisir/Say Batin, Lampung Api). Комериншкиот понекогаш се смета за дел од апи, а други го сметаат за посебен јазик. Апи претставува престижна варијанта.

Пред воведувањето на латиницата, јазикот се пишувал со лампуншко писмо (Aksara Lampung), кое претставува варијанта на улуанските писма застапени во средна и јужна Суматра. Денес малкумина се запознаени со ова писмо, но истото понекогаш се изучува во училиштата.

Варијантата њо ги има следниве бројки: 1 say, 2 ʁuwo, 3 tigo, 4 pak, 5 limo, 6 nəm, 7 pitəw, 8 waləw, 9 siwo, 10 ngəpuluh, 11 səbəlas, 100 səʁatus, 1000 səʁibu.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]