Лакрос
Лакрос е спорт кој се игра на трева.
[уреди] Начин на игра
Играта се игра на голови на отворено, со стап наречен крос. Стапот има долга рачка и врв во форма на триаголник со мрежа за фаќање , носење и фрлање на цврстата гумена топка. Целта на играта е топката да влезе во голот на противникот(за еден поен).
[уреди] Историја на лакросот
Француските доселеници во Канада ја приспособиле оваа игра од еден стар обичај на американските Индијанци(багатавеј), кој воедно претставувал спортска активност, тренинг за борба и мистична церемонија. Таа станала организирана спортска игра кон крајот на XIX век.
[уреди] Модерен лакрос
Современите екипи се составени од 10 играчи. Играта е поделена на четири полувремиња, секое во траење од по 15 минути. Лакросот е особено популарна студентска спортска игра, која подеднакво ја играат и мажите и жените.

