Ладнокрвниот (филм)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Ладнокрвниот“ | |
филмски плакат |
|
| Режирано од | Ричард Брукс |
|---|---|
| Продуцент | Ричард Брукс |
| Сценарист | Труман Капот (роман) Ричард Брукс (сценарио) |
| Настапуваат | Роберт Блејк Скот Вилсон Џон Форсајт Пол Стјуарт |
| Музика | Квинси Џоунс |
| Кинематографија | Конрад Хал |
| Монтажа | Питер Зинер |
| Дистрибутер | Columbia Pictures |
| Премиера | 14 декември |
| Времетраење | 134 минути |
| Јазик | англиски |
Ладнокрвниот е филм од 1967 базиран на истоимениот роман на Труман Капот. Адаптацијата на текстот и режијата е на Ричард Брукс. Некои од сцените се снимани на локации каде вистинските настани се случиле, поточно во Гарден Сити и Холкомб Канзас, вклучувајќи ја и куќата на Клатери - местото на убиствата. Во филмот настапуваат Роберт Блејк како Пери Смит, Скот Вилсон како Ричард Хикок и Џон Форсајт како Алвин Дуи. Иако филмот е во делови верен на романот, Брукс го има додадено фиктивниот карактер на „Известувачот“ (игран од Пол Стјуарт). Овој филм истовремено е првиот комерцијален филм во САД каде се користи зборот „срање“ (анг. shit).
Заплет [уреди]
Пери Смит и „Дик“ Хикок осмислуваат план да влезат во домот на семејството Клатер, поради купче пари кои г-ѓа Клатер наводно ги чува во домашен сеф. Додека двајцата криминалци мислат дека нивниот план за грабеж е издржан, тој бргу пропаѓа резултирајќи со убиство на г-дин и г-ѓа Клатер, како и две од нивните тинејџерски деца. Телата на семејството се пронајдени иднииот ден и полициската истрага веднаш започнува.