Лав I (владетел)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лав I
Leo I Louvre Ma1012 n2.jpg
Цар на Византија
Роден 401
Починал 474
Константинопол


Лав I бил цар на источниот дел од Римската империја, познат како Византија. Познат и како Флавијан Валериј Лав. Со Византија управувал од 457 до 474 година. Неговото прогласување за цар е првото, кое го крунисал константинополскиот патриарх. Во негово време, Балканите на повеќе пати биле опустошени од страна на везготите и хуните. Сепак, престолнината му била тешка за освојување, главно поради т.н. Теодосиеви ѕидови. Тој имал големо влијание и во Западното Римско царство, бележено со назначувањето на Антемиј за цар. Починал во 474 година. Негов наследник е Лав II.