Лав Ерменецот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лав Ерменецот
Император на Византија

Gold solidus of Leo V, with his son and co-emperor, Constantine
Владеење 813 – 25 December 820
Роден(а) 775
Починал(а) 25 December 820 (aged 45)
Претходник Michael I Rangabe
Наследник Michael II
Придружник Theodosia
Деца Symbatios-Constantine
Basil
Gregory
Theodosios
Татко Bardas

Лав Ерменецот е византиски војсководец, а потоа император од 813 до 820 година. Останал запаметен како двигател на вториот бран на иконоборството(815-842).</ref> A further step in preventing future usurpations was the castration of Michael's sons.[1] Лав потекнува од војничко семејство со ерменско потекло и во младоста се истакнал како војсководец под заповедништво на узурпаторот Вардан Турчин. Меѓутоа во пресудниот момент побегнал кај царот Никифор, кој од почеток го наградил за овој чин, но подоцна го протерал. Лав Ерменецот во 811 година бил повикан од егзил од страна на новиот владетел Михаил I и нему му е доверена команда врз темата Анатоликон. Откако императорот Михаил I, претрпел тежок пораз од Бугарите во 813 година, предводени од ханот Крум, Лав и неговите соборци го принудиле императорот да абдицира. Така Лав го зазел престолот, но со тоа не престанала борбата со Бугарите. Царот договорил состанок со бугарскиот хан Крум, наводно за да се изготви мировен договор. Наместо преговори, Византијците организирале атентат врз Крум, кој на крај сепак се спасил. Како одмазда, Бугарите ја опустошиле Тракија, и дури после смртта на Крум во 814 година, Лав успеал да ги победи во битката кај Месембрија (денешен Несебар). После тоа, новиот хан Омуртаг се согласил на мир на 30 години со точно утврдени граници Едрене-Пловдив-Стара Планина. Победата над стариот балкански противник, му дала на Лав одврзани раце во поглед на верската политика. Лав 815 г. ја обновил иконоборската политика, и поради тоа ги протерал водачите на иконофилската струја, патријархот Никифор I и игуменот на студионскиот манастир, Теодора. За патријарх 1 април 815 е назначен Теодор I Мелисен кој набргу го повикал синодот на чија седница се отфрлени каноните од Седмиот вселенски собор од 787, а истовремено потвдени одлуките на Иконоборскиот собор од 754 година. Лав се обидел да води династичка политика по примерот на своите иконоборски претходници, царевите од Исавриската династија. Како последица на тоа, неговиот настар син Симбатија (ерменски:С'мбат) го прогласил за совладетел, со променето име Константин. Но, положбата на Лав била постојано загрозувана од многу завери. Кон крајот на 820 година, царот го притворил својот стар воен другар Михаил, командантот на царската гарда. Михаил успеал да побегне од затворот, а неговите приврзаници, маскирани во свештеничка облека, на 25 декември влегле во дворската капела, каде го ликвидирале Лав Ерменецот, за време на божиќната литургија. Женските членови на неговото семејство се пуштени во манастир, а четворицата синови, вклучувајќи го и Симбатиј, се кастрирани. Михаил II станал нов византиски император и основач на Амориската династија.

Наводи[уреди]

  1. Scriptor Incertus, 341. 10–11