К-Т Граница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бадланси близу Драмелер, Алберта, Канада, каде што ледничката и пост-ледничка ерозија ја има изложено К-Т границата

К-Т Граница е границата помеѓу два периоди на развојот на Земјата - Креда и Терцијар. Се смета дека овој преод настанал пред 65 милиони години како резултат на удар на небесно тело, најверојатно астероид, на Земјата.

Ударот предизвикал значајни геолошки и климатски промени кои силно се одразиле и на живиот свет. К-Т Границата се смета за време на исчезнување на диносаурусите. К-Т границата е видлива во геолошките наоди -Земјините слоеви-по целата Земјина топка во вид на тенок глинен слој богат со иридиум.

Во 1970-тите години е откриен кратерот Чикшулуб во Мексико кој се смета за местото кајшто паднал астероидот.