Кјубишевско Езеро (вештачко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вештачко езеро Кјубишев
Вештачко езеро Кјубишев - близку Улјановск
близку Улјановск
Координати 53°26′ СГШ 49°27′ ИГД / 
Тип Хидроелектричен резервоар
Главен прилив Волга, Кама, Свијага, Казанка, Болшој Черемшан
Главен истек Волга
Земји во сливот Русија
Макс. должина повеќе од 500 km
Макс. ширина 35 km
Површина 6,450 km²
Прос. длабочина 8 m
Макс. длабочина 41 m
Водна зафатнина 57.3 km³
Брежна должина1 2604 km
Надм. височина на површината 53
Острови Свијажск
Населени места Казан
Улјановск
Толјати
Зеленодолск
Волжск
Болгар
Тетуши
Новоулјановск
Чистопол
Лаишево
1 Брежната должина не е добро утврдена мерка.

Кујбишевскотo вештачко езеро (руски: Ку́йбышевское водохрани́лище, тат. Куйбышев сусаклагычы) е вештачко езеро на средниот ток на реката Волга во европскиот дел на Русија. Дел е од таканаречената каскада Волга-Кама и е најголемото вештачко езеро во Европа.

Езерото понекогаш е нарекувано и Самарско вештачко езеро, поради блискиот град Самара, кога порано се викал Кјубишев. Името на езерото до денес не е званично променето.

Езерото е изградено во периодот од 1950-1955. За изградбата на браната биле употребени 162 милиони м³ земја и 7,036 милиони м³ армиран бетон. Браната има висина од 27 до 44,5 метри над нивото на реката Волга. Дваесетте турбини а хидроцентралата имаат сила од 2,315 MW (17 пати по 115 MW и три пати по 120 MW).

Реката Волга тече низ езерото, а во него уште се вливаат и: Волга, Кама, Свијага, Казанка, Болшој Черемшан. Поголеми градови на ова езеро се: Казан, Улјановск, Толјати и Зеленодолск.

Надворешни врски[уреди]