Куќа на Гоговци (Вевчани)

Координати: 41°14′32.4″N 20°35′19.6″E / 41.242333° СГШ; 20.588778° ИГД / 41.242333; 20.588778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Гоговци
Поглед кон куќата, од југоисток
Карта
Општи податоци
СтатусСпоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
МестоВевчани
ЗемјаМакедонија
Координати41°14′32.4″N 20°35′19.6″E / 41.242333° СГШ; 20.588778° ИГД / 41.242333; 20.588778
Завршена1887
НарачателКузман Гогов (проширување на куќата)
Технички податоци
Катови2
Подна површина140 м2

Куќа на Гоговцистароградска куќа во селото Вевчани, Македонија. Куќата е прогласена за споменик на културата на Македонија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата е изградена во 1887 година. Во понатамошните децении, куќата била проширена од страна на влијателниот вевчански трговец Кузман Гогов. Во периодот 1928-1932 година, Гогов бил градоначалник на Вевчани и со своите организаторски способности придонел многу за развој на селото преку изградба на болница, поплочување на улиците, изградба на патот „Бело Џаде“, како и пат до црквата „Св. Спас“.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата има карактеристична архитектура, вклучувајќи ја постојната стара куќа. Се состои од приземје и кат, а претставува куќа со двојно ориентиран средиштен чардак.[2] Приземјето и катот на североисток се изградени од камен со израмнети дрвени греди. Дел од приземјето било отворен трем, а останатиот дел содржел деловни простории. Меѓукатната и покривната конструкција биле изработени од костеново дрво. Скалите кои ги поврзувале приземјето и катот, како и сите врати и подови исто така се изработени од костеново дрво. Катот е еркерно издаден на југоисток и содржи лесна дрвена конструкција исполнета со цели тули. Над дрвените прозорци има украс од тули. Особено се издвојуваа југоисточната и северозападната фасада, на кои има полузатворен камен чардак со цели тули, кој се простира над улицата и дворот. Покривот е од ќерамиди поставени над платно од даски.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Куќа на Гоговци Архивирано на 7 ноември 2017 г.“. Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Архитектура“. Vevcani info. Архивирано од изворникот на 2016-08-22. Посетено на 17 ноември 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]