Куп на шампиони 1990/91

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Куп на Шампиони 1990/91)
Куп на шампиони 1990/91
Податоци за купот
Датуми19 септември 1990 - 29 мај 1991
Екипи31 (from 1 confederation)
Финале
ШампиониСФРЈ Црвена Ѕвезда
(1. титула)
Вице-шампионФранција Олимпик Марсеј
Статистики за купот
Одиграни натпревари59
Постигнати голови188 (3.19 по натпревар)
Најдобар стрелец(и)Франција Жан-Пјер Папен (6 голови)
Австрија Петер Пакулт (6 голови)

Куп на шампиони 1990/91 — 36-то издание од Купот на шампионите, најсилното европско клупско фудбалско натпреварување. Финалето било одиграно на 29 мај 1991 година на стадионот Свети Никола во Бари. На тој натпревар Црвена Ѕвезда го победила Олимпик Марсеј по изведување на пенали. За Црвена Ѕвезда тоа била прва титула во ова натпреварување. Црвена Ѕвезда станала втора источноевропска екипа по Стеауа која го освоила ова натпреварување.

Ова издание од Купот на шампионите требало да го најави враќањето на англиските екипи на европската сцена по несреќата на стадионот Хејсел во 1985 година и суспензијата за учество во европските натпреварувања, но суспензијата за Ливерпул била продолжена за уште една сезона, додека на Астон Вила и било дозволено натпреварување во УЕФА Купот. Местото на Ливерпул не било пополнето со повикување на некој друг клуб, наместо тоа, Милан бил слободен во првото коло. Исто така, и покрај освојувањето на холандската лига на Ајакс му било забрането учество во ова издание од Купот на шампионите.

Резултати[уреди | уреди извор]

Квалификации[уреди | уреди извор]

Екипа 1 Рез. Екипа 2 1 натпревар 2 натпревар
АПОЕЛ Кипар 2:7 Германија Баерн Минхен 2:3 0:4
Акирејри Исланд 1:3 Бугарија ЦСКА Софија 1:0 0:3
Динамо Букурешт Романија 5:1 Ирска Сент Патрикс Атлетик 4:0 1:1
Порто Португалија 13:1 Северна Ирска Портдаун 5:0 8:1
Црвена Ѕвезда СФРЈ 5:2 Швајцарија Грасхопер 1:1 4:1
Валета Малта 0:10 Шкотска Ренџерс 0:4 0:6
Унион Луксембург Луксембург 1:6 Источна Германија Динамо Дрезден 1:3 0:3
Малме Шведска 5:4 Турција Бешикташ 3:2 2:2
Наполи Италија 5:0 Унгарија Ујпешт Дожа 3:0 2:0
Спарта Прага Чешка 0:4 СССР Спартак Москва 0:2 0:2
Оденсе Данска 1:10 Шпанија Реал Мадрид 1:4 0:6
Сваровски Тирол Австрија 7:1 Финска Лахти 5:0 2:1
Милан Италија слободен - -
Лилестрем Норвешка 1:3 Белгија Клуб Брухе 1:1 0:2
Лех Познањ Полска 5:1 Грција Панатинаикос 3:0 2:1
Олимпик Марсеј Франција 5:1 Албанија Динамо Тирана 5:1 0:0

Осминафинале[уреди | уреди извор]

Екипа 1 Рез. Екипа 2 1 натпревар 2 натпревар
Баерн Минхен Германија 7:0 Бугарија ЦСКА Софија 4:0 3:0
Динамо Букурешт Предлошка:Country data РУМ 0:4 Португалија Порто 0:0 0:4
Црвена Ѕвезда СФРЈ 4:1 Шкотска Ренџерс 3:0 1:1
Динамо Дрезден Источна Германија 2:2 Шведска Малме 1:1 1:1 (5:4)пен.
Наполи Италија 0:0 СССР Спартак Москва 0:0 0:0 (3:5)пен.
Реал Мадрид Шпанија 11:3 Австрија Сваровски Тирол 9:1 2:2
Милан Италија 1:0 Белгија Клуб Брухе 0:0 1:0
Лех Познањ Полска 4:8 Франција Олимпик Марсеј 3:2 1:6

Четвртфинале[уреди | уреди извор]

Екипа 1 Рез. Екипа 2 1 натпревар 2 натпревар
Баерн Минхен Германија 3:1 Португалија Порто 1:1 2:0
Црвена Ѕвезда СФРЈ 6:0 Источна Германија Динамо Дрезден 3:0 3:0 1
Спартак Москва СССР 3:1 Шпанија Реал Мадрид 0:0 3:1
Милан Италија 1:4 Франција Олимпик Марсеј 1:1 0:3 2

1 Натпреварот во Дрезден бил прекинат во 78-та минута поради нередите кои биле предизвикани од страна на домашните навивачи. Во моментот на прекинот Црвена Ѕвезда водела со резултат 2:1, а натпреварон бил регистриран со службен резултат 3:0 во корист на гостинската екипа.

2 Во 88-та минута при резултат 1:0 за Олимпик Марсеј, дошло до прекин поради прекинување на струја. Милан одбил да го продолжи мечот по разрешувањето на затемнувањето, па затоа мечот бил регистриран со службен резултат.

Полуфинале[уреди | уреди извор]

Екипа 1 Рез. Екипа 2 1 натпревар 2 натпревар
Баерн Минхен Германија 3:4 СФРЈ Црвена Ѕвезда 1:2 2:2
Спартак Москва СССР 2:5 Франција Олимпик Марсеј 1:3 1:2

Финале[уреди | уреди извор]

29 мај 1991.
Црвена Ѕвезда СФРЈ 0 – 0 (прод.) Франција Олимпик Марсеј Стадион Свети Никола, Бари
Публика: 56.000
Судија: Тулио Ланезе Италија


Просинечки гол
Биниќ гол
Белодедиќ гол
Михајловиќ гол
Панчев гол

5 – 3 (пен.)


Аморос
гол Касони
гол Папен
гол Мозер