Кунг фу панда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Кунг фу панда
Kung Fu Panda“
Kung fu panda poster.jpg
Режирано од Марк Озборн
Џон Стивенсон
Продуцент Мелиса Каб
Сценарист Џонатан Ејбел
Глен Бергер
Настапуваат Џек Блек
Дастин Хофман
Анџелина Џоли
Ијан Макшејн
Џеки Чен
Сет Роген
Луси Лу
Рандал Дук Ким
Дејвид Крос
Музика Ханс Зимер
Џон Повел
Кинематографија Јонг Дук Џун
Студио DreamWorks Animation
Дистрибутер Paramount Pictures
Премиера Северна Америка:
6 јуни, 2008
Австралија:
26 јуни, 2008
Велика Британија:
4 јули, 2008
Времетраење 92 минути
Држава САД
Јазик Англиски
Буџет 130 милиони долари[1]
Бруто заработка 631.908.951 долари[2]
Следен Кунг фу панда 2 (2011).[3]

Кунг фу панда (англиски: Kung Fu Panda) е американски анимиран филм од 2008 година. Филмот е во режија на Џон Стивенсон и Марк Озборн и продуциран од Мелиса Каб. Во главната улога се наоѓа Џек Блек како По. Филмот е продуциран во студиото на DreamWorks Animation во Глендејл, Калифорнија, а дистрибуиран од Paramount Pictures. На главните ликови покрај Џек Блек како По, гласовите ги позајмиле, Дастин Хофман, Анџелина Џоли, Луси Лу, Сет Роген, Дејвид Крос и Ијан Макшејн. Дејството е поставено во античка Кина, и се работи за дебелата џиновска панда која сака да стане кунг фу воин. Откако се предвидува дека многу страшен воин ќе избега од затвор, на му По му е претскажано да стане Змејов воин, на негово големо изненадување, како и на разочарување на веќе искусните кунг фу воини.

Иако коцептот за 'кунг фу панда' бил планиран уште од 1993, работата на филмот не започнала се до 2004.[4] Идејата за филмот била значната од Мајкл Леченс,[5] извршител на DreamWorks Animation. Филмот во почетокот бил планиран да биде пародија, но режисерот Стивенсон одлучил наместо тоа, да снима акционо-комичен филм со боречки вештини во духот на акционото кино на Хонгконг кое го вклучува херојското патување на раскажувачки архетип за главниот лик. Компјутерската анимација во филмот е посложена од која било друга анимација на DreamWorks, досега. Како и со повеќето анимирани филмови на DreamWorks, Ханс Зимер (овој пат соработувајќи со Џон Повел) ја направил музиката за Kung Fu Panda. Тој ја посетил Кина за да ја абсорбира кинеската култура и да го запознае Меѓународниот кинески симфониски оркестар како дел од неговата подготовка.

Кунг фу панда премиерно се прикажуваше во САД на 1 јуни, 2008 и оттогаш се има здобиено со многу поволни критики.


Цитати[уреди]

Угвеј:

Yesterday is history,
tomorrow is a mystery,
but today is a gift!
That is why it is called present.

Наводи[уреди]

  1. „Kung Fu Panda“. The Numbers. http://boxofficemojo.com/movies/?id=kungfupanda.htm. конс. 11 јуни 2008. 
  2. „Kung Fu Panda“. The Numbers. http://the-numbers.com/movies/2008/PANDA.php. конс. 25 декември 2008. 
  3. „Dreamworls Animation announces plans for "Kung Fu Panda" sequel in 2011“. Dreamworks News. 1 октомври, 2008. http://www.dreamworksanimation.com/. конс. 13 февруари 2009. 
  4. Brown, Geoff. „Who framed the animator's artistry?“, „The Times“, 19 октомври 1993.
  5. „Imagi Announces Strategic Alliance for Gatchaman and Astro Boy Toy Development“. IT News. 7 август 2007. http://www.itnews.it/news/2007/0807132403284/imagi-announces-strategic-alliance-for-gatchaman-and-astro-boy-toy-development.html. конс. 1 септември 2008. 

Надворешни врски[уреди]