Културологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Културолошки студии е академска област на критичката теорија и книжевната критика првично воведена од страна на британските научници во 1964 год. и подоцна усвоена од соединети академици од целиот свет. Карактеристично интердисциплинарни, културолошките студии претставуваат академска дисциплина што им помага на културолозите кои теоретизираат околу силите со кои човештвото го гради својот секојдневен живот. Културолошките студии не се унифицирана теорија, туку различни области на студии кои опфаќаат многу различни пристапи, методи и академски перспективи. Културолошките студии се разликуваат по широчината, целта и методологијата од културната антропологија и етничките студии, и се фокусираат врз политичката динамика на современата култура и нејзините историски основи, конфликти и карактеристики кои ја дефинираат. Истражувачите повеќе се концентрираат на тоа како одреден медиум или порака се однесува на идеологијата, општествената класа, националноста, етничката припадност, сексуалноста и/или родот, отколку на обезбедување енциклопедиска идентификација, категоризација или дефиниција на одредена култура или област во светот.

Културолошките студии ги комбинират феминистичката теорија, социјалната теорија, политичката теорија, историјата, филозофијата, книжевната теорија, теоријата за медиумите, филмските студии, комуникациските студии, политичката економија, преведувачките студии, музејските студии и историја на уметноста/крититиката за да ги проучуваат културните феномени во различни општества. Така, културолошките студии се обидуваат да разберат како значењето се генерира, распространува и истакнува од социјалните, политички и економски сфери во рамките на дадена култура. Влијателните теории за културна хегемонија и факторите се појавија од движењето за културолошки студии, како и најновата теорија за комуникација, која се обидува да ги објасни културните сили зад глобализацијата. Исто така, во САД, Канада, Австралија, Јужна Африка и Италија се појавија единствени академски приоди кон културолошките студии.

Во текот на 80-тите години на минатиот век подемот на нео-либерализмот во Велика Британија и новиот конзерватизам во Америка, културолошките студии се соочија со критики и од надворешните политички и внатрешните академски сили, поради блискиот сојуз меѓу многу научници од полето на културолошките студии и марксистичката теорија, левичарска политика и перципираниот „триумфализам“, со други реномирани научници. Противење на културолошките студии се покажа најдраматично во 2002 год. со затворање на Центарот за современи културолошки студии (ЦСКС) на Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија. ЦСКС се смета за основачката академска програма за културолошките студии во светот, и беше затворен поради резултатот на Вежбата за оценување на истражувања од 2001 год., иницијатива отаната од времео кога британската владата беше предводена од Маргарет Тачер од 1986 год., којашто го одредува финансирањето за истражувањата за универзитетските програми. Додека голем број на притивници од 21. век продолжија да ја сметаат дисциплината како „нерелевантна“, оваа научна област има светско присуство што се состои од бројни годишни меѓународни конференции, академски програми, публикации, студенти и академици кои ја практикуваат, од Тајван до Амстердам, и од Бангалор до Санта Круз.

Историја[уреди]

Терминот почна да го користи Ричард Хогарт во 1964 год., кога го основаше Центарот за современи културолошки студии (ЦСКС) во Бирмингем. Оттогаш стана цврсто поврзан со Стјуарт Хол, кој го наследи Хогарт како директор на центарот.

Ран период[уреди]

Од 1970 год. наваму, пионерска работа на Стјуарт Хол, заедно со неговите колеги Пол Вилис, Дик Хебриџ, Тони Џеферсон, Мајкл Грин и Ангела Мекроби, создаде меѓународно интелектуалното движење. Многу научници во облста на културолошките студии ја користеа марксистичката методи на анализа, и ги истражуваа односите помеѓу културните форми (надградбата) и оние на политичката економија (базата). До 70-тите години на минатиот век, политички импресивната британска работничка класа беше во пад. Производствената индустрија на Велика Британија исчезнуваше и листите на синдикатите се намалуваа. Сепак, милиони Британци од работничката класа го поддржаа доаѓањето на власт на Маргарет Тачер. За Стјуарт Хол и други марксистички теоретичари, ова поместување во лојалноста од Лабуристичката партија на Конзервативната партија беше антитеза на интересите на работничката класа и мораше да се објасни во однос на културната политика.

Теорија на хегемонија[уреди]

Со цел да ги разберат променливите политички околности на класата, политиката и културата во Обединетото Кралство, научниците од Центарот за современи културолошки студии се осврнале на делото на Антонио Грамши, политички активист и марксистички филозоф од 20-тите и 30-тите години на минатиот век. Грамши бил засегнат со слични прашања: зошто италијанските работници и селани би гласале за фашисти? Со други зборови, зошто работниците би гласале здруженијата да добијат поголема контрола и да си ги укинат сопствените права и слободи? Грамши го модификувал класичниот марксизам во сфаќањето на културата како клучен инструмент за политичка и социјална контрола. Во овој поглед, за да ја задржат контролата капиталистите користеле не само брутална сила (полиција, затвори, репресија, војска), туку и продирале во секојдневната култура на работниците. Според тоа, клучна за Грамши и за културолошките студии е културната хегемонија.

Скот Лаш вели:

Во делата на Хол, Хебдиџ и Мекроби, популарната култура дошла во прв план. Она што Грамши придонел за ова била важноста на согласност и култура. Ако фундаменталните марксисти гледале моќ во односите класа-наспроти-класа, тогаш Грамши ни го постави прашањето за класната Алијанса. Подемот на културолошките студии се темели на падот на важност на политиката класа-наспроти-класа.


Едгар и Сеџвик велат:

Теоријата на хегемонија беше од централно значење за развојот на британските културолошки студии [особено за Центарот за современи културолошки студии ]. Таа ги олеснува анализите на начините на кои подредените групи активно се спротивставуваат и реагираат на политичката и економска доминација. Потребно е на подредените групи да не се гледа само како на пасивни жртви на доминантната класа и нејзината идеологија.

Теорија на фактори[уреди]

Глобализација[уреди]

Преглед[уреди]

Приоди[уреди]

Во Обединетото Кралство и САД[уреди]

Надвор од Обединетото Кралство и САД[уреди]

Марксизам, феминизам и културни артефакти[уреди]

Консумеризам[уреди]

Текст[уреди]

Современи културолошки студии[уреди]

Прием од академиците[уреди]

Книжевни научници[уреди]

Социолози[уреди]

Физичари[уреди]

Основачки опуси[уреди]

Поврзано[уреди]

Поврзани дисциплини и теории[уреди]

Поврзани академски програми[уреди]

Поврзани автори[уреди]

Асоцијации[уреди]

  • Cultural Studies Association, Taiwan
  • Cultural Studies Association, Turkey
  • Cultural Studies Association, US
  • Cultural Typhoon, Japan
  • European Communication Research and Education Association, Norway
  • IBACS, Iberian Association of Cultural Studies, Spain
  • Inter-Asia Cultural Studies Society, Taiwan
  • IATIS, International Association of Translation and Intercultural Studies, South Korea
  • International Society for Cultural History, UK
  • Media, Communication and Cultural Studies Association, UK
  • Society for Cultural Studies in Finland
  • SSCS, Swiss Society for Cultural Studies
  • The Canadian Association for Cultural Studies
  • The Cultural Studies Association of Australasia

Наводи[уреди]

Белешки
Библиографија
  • Du Gay, Paul, et al. Doing Cultural Studies: The Story of the Sony Walkman. Culture, Media and Identities. London ; Thousand Oaks Calif.: Sage in association with The Open University, 1997.
  • During, Simon. The Cultural Studies Reader. 2nd ed. London ; New York: Routledge, 2003.
  • Edgar, Andrew and Peter Sedgwick. 2005. Cultural Theory: The Key Concepts. 2nd edition. NY: Routledge.
  • Engel, Manfred: "Cultural and Literary Studies". Canadian Review of Comparative Literature 31 (2008): 460-467.
  • Grossberg, Lawrence, Cary Nelson, and Paula A. Treichler. Cultural Studies. New York: Routledge, 1992.
  • Theory, Culture and Society, 21(1), 2004.
  • Hall, Stuart. Culture, Media, Language: Working Papers in Cultural Studies, 1972-79. London Birmingham, West Midlands: Hutchinson Centre for Contemporary Cultural Studies University of Birmingham, 1992.
  • Hall, Stuart. "Cultural Studies: Two Paradigms." Media, Culture, and Society 2 (1980).
  • Hall, Stuart. "Race, Culture, and Communications: Looking Backward and Forward at Cultural Studies." Rethinking Marxism 5.1 (1992): 10-18.
  • Hoggart, Richard. The Uses of Literacy: Aspects of Working Class Life (Chatto and Windus, 1957) ISBN 0-7011-0763-4
  • Johnson, Richard. "What Is Cultural Studies Anyway?" Social Text 16 (1986–87): 38-80.
  • Johnson, Richard. "Multiplying Methods: From Pluralism to Combination." Practice of Cultural Studies. London; Thousand Oaks, CA: SAGE, 2004. 26-43.
  • Johnson, Richard. "Post-Hegemony? I Don't Think So" Theory, Culture and Society. 24(3): 95-110.
  • Lash, Scott. 2007. "Power after Hegemony: Cultural Studies in Mutation?" Theory, Culture, and Society. 24(3): 55-78.
  • Lewis, Jeff, Cultural Studies, Second Edition, Sage, London, 2008.
  • Longhurst,Brian, Smith,Greg, Bagnall, Gaynor, Crawford, Garry and Michael Ogborn, Introducing Cultural Studies, Second Edition, Pearson, London, 2008, ISBN 978-1-4058-5843-4
  • Lindlof, T. R., & Taylor, B. C. (2002). Qualitative Communication Research Methods, 2nd Edition. Thousand Oaks, CA: Sage.
  • Pollock, Griselda (ed.), Generations and Geographies: Critical Theories and Critical Practices in Feminism and the Visual Arts. Routledge, 1996.
  • Pollock, Griselda. Psychoanalysis and the Image. Boston and Oxford: Blackwell, 2006.
  • Smith, Paul. Questioning Cultural Studies: An Interview with Paul Smith. 1994. MLG Institute for Culture and Society at Trinity College. OSF1.gmu.edu, 31 August 2005.
  • Smith, Paul. "Looking Backwards and Forwards at Cultural Studies." Companion to Cultural Studies. Ed. Toby Miller. Oxford; Malden, Mass.: Blackwell, 2001. 331-40.
  • Smith, Paul. "A Course In "Cultural Studies"." The Journal of the Midwest Modern Language Association 24.1, Cultural Studies and New Historicism (1991): 39-49.
  • Williams, Raymond. Keywords: A Vocabulary of Culture and Society. Rev. ed. New York: Oxford University Press, 1985.
  • Williams, Raymond. Culture and Society, 1780-1950. New York,: Harper & Row, 1966.

Надворешни врски[уреди]