Кулан (опсадна машина)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кулан со неговите делови

Кулан била посткласична римска опсадна машина, кој го добил името по начинот на кој таа удира, кој е сличен на ударите на куланот (диво магаре). Машината е вид на катапулт кој користи вртлив притисок од извртена ортома, за зачувување на енергија за ударот.

Куланот се состоел од рамка која лежела на земја за чиј преден крај вила поврзана вертиканла рамка од полно дрво; низ оваа рамка одела осовина, која имала една цврста препрека. На крајот на препреката иамло чатал кој го исфрлал проектилот.

Во акција рамката се туркала наназад, напнувајќи ги ортомите или сличните пружини со мотовило, и потоа наеднаш се отпуштала. Препреката така удирала во запиралката на вертикалната рамка, и проектилот од крајот на препреката бил исфрлан.

Куланите во Римското царство се користеле за опсади на тврдини и населби. Кај нив често се употребувале огромни камења кои се облевале со запалива материја и се палеле пред исфрлање.

Во средниот век (запишано околу 1200) се користела помалку моќна варијанта на куланот која користела прицврстен сад наместо чатал. Ова служело за исфрлање на многу проектили со мала големина, наместо еден голем. Оваа машина исто така се нарекува мангонел, иако истото име се користи и за неколку разни опсадни машини.

Надворешни врски[уреди]