Кузман Сотировски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кузман Сотировски
Лични податоци
Роден на 16 октомври 1908(1908-10-16)
Роден во Стенче, Тетовско, Македонија Македонија
Починал на 25 јули 1990(1990-07-25) (возр. 81)
Починал во Париз,  Франција
Позиција напад
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1927–1928 ОФК Белград ?  ?
1928–1932 ФК Сет ?  ?
1932 ФК Монпелје ?  ?
Репрезентација
1928–1931 Југославија 5 (2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Кузман Сотировски - Чокалија (за време на српската окупација Сотировиќ ) (Стенче, Тетовско, 16 октомври 1908 - Париз, 25 јуни 1990) — македонски фудбалер и прв македонски олимпиец[1]. Поради фактот што бил Македонец во Белград, го добил прекарот Чокалија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Сотировски е роден во тетовското село Стенче на 16 октомври 1908 година. Тој имал тројца браќа и во 1913 година заминале на печалба во Белград. Таму отвориле фурни и никогаш не се вратиле во селото. Еден од браќата при посета на селото му донел на Кузман топка купена во Букурешт и тоа била прва топка во селото Стенче. Играл фудбал во Белградскиот спортски клуб (БСК), кој четирипати го освојувал првенството на Југославија (1923–[1941]). Бил најдобар стрелец во Првата лига во 1927 година, со седум гола. Според досегашните сознанија, тој е прв спортист од Македонија што станал репрезентативец на Југославија (19281931), за која играл петпати и дал два гола на натпреварот ЈугославијаРоманија 3:1 (3:0) во Белград на 6 мај 1928. Бил прв учесник и на Олимписките игри во Амстердам (1928). По поразот од Португалија со 2:1, Југославија отпаднала од натамошните натпреварувања[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мицковиќ, Миодраг (16 октомври 2006). „Кузман Сотировиќ, прв фудбалски репрезентативец и олимпиец од Македонија“. Утрински Весник. Посетено на 2009-11-02.[мртва врска]
  2. Pero Zlatar, Zvone Mornar i Roman Garber: Na 5 kontinenta, 1920–1962, Zagreb,1962

Надворешни врски[уреди | уреди извор]