Крушје (Велешко)

Координати: 41°52′40″N 21°45′59″E / 41.87778° СГШ; 21.76639° ИГД / 41.87778; 21.76639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Крушје

Поглед на Крушје

Крушје во рамките на Македонија
Крушје
Местоположба на Крушје во Македонија
Крушје на карта

Карта

Координати 41°52′40″N 21°45′59″E / 41.87778° СГШ; 21.76639° ИГД / 41.87778; 21.76639
Регион  Вардарски
Општина Велес
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29035
Крушје на општинската карта

Атарот на Крушје во рамките на општината
Крушје на Ризницата

Крушје — напуштено село во крајниот североисточен дел на Општина Велес во околината на градот Велес во сливното подрачје на реката Отовица.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е ридско на надморска висошина од 300 метри и се наоѓа 13 километри северно од Велес и на 31 километар југоисточно од Скопје.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948238—    
1953262+10.1%
1961270+3.1%
1971126−53.3%
198165−48.4%
ГодинаНас.±%
199114−78.5%
19949−35.7%
20021−88.9%
20210−100.0%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 28 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 54 мажи муслимани, со 12 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 132 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 616 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, селото имало само 1 жител, Турчин.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото Крушје немало жители.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 238
1953 262 ... 262
1961 138 94 ... ... 1 ... 37 270
1971 72 22 ... ... 32 126
1981 11 37 ... 17 65
1991 14 ... 14
1994 1 ... 8 9
2002 1 1
2021

Родови[уреди | уреди извор]

Крушје било турско село.

Според истражувањата од 1952 година, родови во селото се:[6]

Турски

  • Родови од словенско потекло: Смаколар (3 к.), Таракчилар (2 к.), Одолар (1 к.), Мемишлер (1 к.), Бајрамлар (2 к.), Мрлелер (2 к.), Иљазлар (2 к.), Узун-Али (2 к.), Алиманлар (2 к.) и Беќиралар (1 к.) сите овие родови се доселени од селото Брод во Гора. Во родот Смаколар се знае следното родословие: Фазли (жив на 60 г. во 1952 година) Ибраим-Усеин-Арслан-Исмаил, кој се доселил во селото; Торбешлар (5 к.) доселени се во 1915 година од селото Броштица во Дебарско. Кога се доселиле збореле македонски; Муса-Зеќир (3 к.) доселени се во 1915 година од селото Мелница. И они кога се доселиле збореле македонски; Жителите на селото највеќе брачни врски одржувале со Турците од Средно и Долно Коњари.
  • Родови од турско потекло: Оџалар (4 к.) доселени се во 1925 година од селото Средно Коњари. Таму имале роднини наречени Имерлер; Каранџа (1 к.), Мула-Имер (1 к.) и Иплер (1 к.) и они се доселени од селото Средно Коњари.

Ромски

  • Доселеници: Неџолар (3 к.) зборуваат ромски. Жителите на овој род се ковачи. Доселени се од селото Средно Коњари.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено избирачкото место бр. 2189 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственос на ордевски никола на селото Џидимирци.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.[8]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1952 година од селото во Турција се иселиле околу 40 семејство. Иселувањето продолжило и потоа. Во 1958 година во селото се населиле Бошњаци од Санџак. Но и тие се иселиле од селото.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  6. 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје.
  7. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]