Распнување на крст

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Крусификција)
Ритуално комеморативно пред-Велигденско распнување на крст, Филипини 2006.

Распнување на крст (лат. Crucifixio) е древен метод на погубување, кајшто субјектот е прикован на голем дрвен крст и оставен да виси до смртта. Оваа форма на погубување постоела неколку векови пред новата ера. Жртвата била приковувана на крстот, со рацете заковани на хоризонталната греда на крстот. Причината за смртта од распнувањето е задушување, бидејќи градниот кош е раширен и вдишувањето е оневозможено.[1]

Познато е дека крусификцијата ја користеле Персијците во 6-7. век п.н.е., а веројатно оттаму ја презел и Александар Македонски. Тој распнал на крст 2.000 преживеани жители од опсадата на Тир, како и лекарот што не успеал да го излекува неговиот пријател Хефестион. Круцификцијата била вообичаен метод на погубување во Mедитеранот во 4. и 3. век п.н.е. во Картагина, Античка Македонија и Стариот Рим.

Римјаните особено често го користеле распнувањето како метод за погубување, дури имале и определени места надвор од градовите кајшто биле постојано сместени крстови за распнување. По задушувањето на Спартаковото востание во 71 п.н.е., Римјаните распнале на крстови околу 6.000 востаници покрај 200-километарскиот пат помеѓу Рим и Капуа како предупредување на останатите робови. Исус Христос бил казнет на смрт со распнување во 30 или 33 година од новата ера од Понтиј Пилат, конзулот на Јудеја, поради спротивставувањето на власта на Римјаните.

Крстот како симбол на распнувањето на Исус и неговото воскреснување станал заштитен знак на христијанството дури некаде во 2. или 3. век од новата ера.[2]

Распнувањето како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Liddell and Scott on χείρ. Cf. The Science of the Crucifixion Архивирано на 17 февруари 2012 г..
  2. Minucius Felix speaks of the cross of Jesus in its familiar form, likening it to objects with a crossbeam or to a man with arms outstretched in prayer (Octavius of Minucius Felix, chapter XXIX).
  3. DISCOGS Agnostic Front ‎– Liberty & Justice For... (пристапено на 10.6.2018)