Крум Монев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крум Монев
Роден 5 мај 1927
Оштава, Бугарија
Починал 18 февруари 2001
Долна Градешница, Бугарија

Крум Солунов Монев (Оштава, 5 мај 1927 - Долна Градешница, 18 февруари 2001) — борец за ослободување и обединување на Македонија од нејзиниот пирински дел. Учествува во четата на Герасим Тодоров. Осуден и издржал 16 години затвор, одбегнувајќи ја поради малолетност смртната казна.[1] 3а својата националност изјавил: Maкедонец - фанатичен до болезност.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Монев е роден во селото Оштава, Светиврачка околија, на 5 мај 1927 година. Заради тешката финансиска состојба, Монев завршува само 4-то одделение. Во „Македонија мојата потпора“ (стр. 36-37) многу типично го опишал осознавањето на Пиринското Македонче како Македонец, по отфрлањето на вештачки наметнуваната бугарштина во бугарските училишта и откривањето на вистинската негова татковина. Имено,

"...сè започнува со изучувањето на стихотворбата од Иван Вазов – „Аз с’м б’лгарче“, меѓутоа, постепено потоа се појавува сомнежот дека „јас сум Бугарче“, редица историски факти го терaат разумниот да се замисли, и тој ја согледува заблудата, го согледува фалшот..."[3]

Како младинец на организираните собири по селата тој почнува да рецитира стихотворби со македонска тематика. До крајот на животот си останува твърд и непоколеблив македонски патриот. Бугарските служби со сигурност се најасно со неговите промакедонски чувства, па така, кога требало да служи војска, не е определен за во бугарската армија, туку е испратен во Трудовите војски, каде се испраќаат сите неблагонадежни, коишто немаат бугарска национална свест (Турци, Македонци, Помаци, Власи и др.). Тие не се предодредени да се здобијат со воена обука. Но, наместо каде што бил распределен, Крум Монев го фаќа патот за ајдучкиот Пирин. Тоа се првите денови на 1948 г.

На почетокот на 1948 година станува четник во 6-ти пирински одред на Герасим Тодоров (наречен од комунистите „бандата на Герасим“). Во тритомната автобиографска хроника „Македонија мојата потпора“, „Злокобната 1948 г. за Пиринска Македонија“ и „Змејот“ Крум Монев пишува дека на сите оние што во тоа време не се согласувале со постојниот комунистички режим во бугарската држава и барале обединување на Македонија им лепеле разни етикети. На Герасим Тодоров и на неговата „банда“, како што Бугарите ја нарекувале групацијата, бугарските пропагандисти им ги припишале сите злосторства што може да се замислат. По 9 март 1948 г. Пирин Планина е блокирана од војска и милиција, а одредот е ликвидиран.

Moнев поминал долги години низ бугарските затвори и до крајот на маченичкиот живот никогаш не ја предава македонската кауза и своето македонско национално сознание.

Автор е на автобиографскиот роман "Змејот" и на спомени, насловени "Македонија, мојата потпора", отпечатени на бугарски и преведени на македонски јазик. Тие содржат огромна информација за страдањата на Македонците во Бугарија и одамна веќе станаа трн во око за бугарските псевдоисторичари, одрекувачи на македонската нација. Постои одреден интерес за нивно преведување на англиски јазик, што би било од голема корист за промовирање на нашата борба во светот.

Цитати[уреди | уреди извор]

”Ах, Пирине, Пирине мој! Ти си ми најголемата гордост. Ти си нашата чудесна легенда, ти најпосле си најголемиот и најубав бисер врз круната на поробената и парчосана Македонија!... Јас сум се заколнал дека во бугарска касарна моја нога нема никогаш да стапне... Јас одам да си го исполнам долгот кон Македонија, а не кон Бугарија!... Ако ја немав несреќната Македонија, дали одвај ќе успеев да оздравам како човек, кој оди со двете нозе и не се потпира на своите раце, т.е. не лази!“ [4]
”Обичните работници и измачените селани се претставуваа како ладнокрвни убијци и очајни михајловистички главосечачи, бандити и разбојници, кои тргнале да пљачкаат, да убиваат и да вршат насилства, и тоа за лични интереси, за сопствено збогатување. Таму сите се претставени како закоравени агенти и бивши полицајци, крвожедни изроди, кои се ставиле во служба на внатрешната реакција, на надворешните центри и разни шпионски централи; сите, без исклучок, сме претставени како очајни терористи, подготвени на секакви криминални дејства против сè уште незакрепнатата ‘народна власт...“[5]

Творештво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Злокобната 1948 година за Пиринска Македонија“, стр. 44
  2. „Злокобната 1948 година за Пиринска Македонија“, стр. 45
  3. „Проф. ГЕОРГИ РАДУЛОВ: Крум Солунов Монев - борец за независна Македонија, писател и патриот“. Архивирано од изворникот на 2015-06-10. Посетено на 2009-02-14.
  4. Крум Монев: „Македонија мојата потпора“
  5. „Крум Монев: Чистокрвен македонски достоинственик и маченик“. Архивирано од изворникот на 2007-10-22. Посетено на 2006-08-24.