Крици и шепотења

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Крици и шепотења“ (швед. Viskningar och rop) е шведски филм од 1973 година за две сестри кои бдеат над смртната постела на нивната трета сестра, растргнати помеѓу стравот и надежта дека ќе умре. Филмот е напишан и режиран од Ингмар Бергман. Во филмот настапуваат Хариет Андерсон, Кари Силван, Ингрид Тулин и Лив Улман.

За разлика од повеќето филмови на Бергман, „Крици и шепотења“ користи заситени бои, а посебно гримизна. За работата на овој филм, Свен Никвист добил Оскар за Најдобра кинематографија, а филмот бил номиниран и за Најдобра костимографија, Најдобра Режија, Најдобро оригинално сценарио. Во тоа време невообичаено, филмот бил и номиниран за Најдобар филм, во конкуренција со филмови од англиско говорно подрачје.