Кристијан Диор

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кристијан Диор С.А)
Прејди на: содржини, барај
Кристијан Диор С.А
Oснована 16 декември, 1946
Седиште 30 Avenue Montaigne
Париз, Франција
Опслужувано
подрачје
Низ целиот свет
Клучни личности Бернар Арно (Претседател),
Сидне Толедано(извршен директор),
Раф Симонс (креативен директор),
Крис Ван Аше (креативен директор за „Dior Homme“),
Виктори де Кастелан
Дејност Малопродажба
Приходи €24.62 милијарди (2011)[1]
Тековен
приход
€5.323 милијарди (2011)[1]
Нето приход €1.279 милијарда (2011)[1]
Вработени 84.981 (2011)[1]
Одделенија Christian Dior Parfums
Christian Dior Cosmetics
Dior Homme
Подружници Christian Dior Couture[2]
Financière Jean Goujon (42,36%)
Портал dior.com

Кристијан Диор С.А (попознат како Диор) е француска компанија за луксузни производи, која ја управува и раководи бизнисменот Бернар Арно,кој исто така ја управува и LVMH Moët Hennessy •Луј Витон, светски најголемата луксузна групација. Диор самите поседуваат 42% од акциите и 5% од акциите со право на глас во LVMH.

Основана во 1946 година од страна на истоимениот дизајнер Кристијан Диор,денес компанијата дизајнира и продава облека, кожни производи,модни додатоци, обувки, накит,часовници, парфем, шминка и производи за нега на кожата одржувајќи ја традицијата како креатор на препознатливата Haute-Couture (во рамките на одделот на Кристијан Диор-Couture) Додека марката Кристијан Диор има најголема понуда за женската популација, компанијата работи и со Dior Homme, оддел за мажи и Dior Baby, марка за детска облека.Производите се продаваат преку ланецот продавници за малопродажба низ светот, како и преку нивната интернет продавница преку dior.com .

Meѓу многуте конкуенти на Куќата Диор се и модните куќи на: Шанел, Ив Сен Лоран, Гучи, Версаче, Прада.[3]

Историја[уреди]

Основање[уреди]

Куќата на Диор е отворена на 16.12,1946 во приватна куќа на 30 Avenue Montaigne Paris B. Меѓутоа сегашната корпорација Диор ја прославува 1947 како година на отварање. Диор беше финансирана од имотниот бизнисмен Марсел Бусак. Новата куќа за висока мода стана дел од вертикално интегриран текстилен бизнис кој Бусак веќе го управуваше. Нејзиниот капитал беше 6 милиони и броеше 80 вработени. Компанијата за Бусак беше деликатен проект и поголемиот дел беше во сопственост на филијалата на БУСАК СА Сен Фрирес. И покрај репутацијата на Бусак, „дека држи се под контрола“ , Г-динот Диор имаше тогаш невообичаено голем удел во неговата истоимената марка(правно управување,неконтролирани акции во фирмата и една третина од профитот пред оданочување). Креативноста на Г-дин Диор исто така му овозможи и убава плата.

The New Look[уреди]

На 12 фербруари 1947, Диор ја промовираше својата прва модна колекција за Пролет-Лето 1947. Изложбата на „90 модели од неговата прва колекција на 6 кукли“ се прикажа во салонитe на седиштето на компанијата на 30 Avenue Montaigne.Првенствено првите две линии беа наречени „Corolle“ и „huit“ (во која беше вклучена и новата силуетата со барски костим). Меѓутоа, новата колекција во модната историја остана позната како New Look, по изјавата на уредникот на Харпер Базар Карамел Шоу: „It`s such a new look“. Силуетата се карактеризирала со мала,тесна половина и долго здолниште кое паѓа под подколеницата,истакнувајќи ги колковите и градите.

Во време на повоените забрани за ткаенина, Диор за неговите креации користел околу 18 метри екстравагантни ткаенини. The New Look, стана многу популарен,со силуетата со долги здолништа која влијаела добро на модните и други дизајнери во педесетите години, и како резултат на тоа Диор добил многу познати, значајни клиенти од Холивуд, Сад и Европската Аристократија.

Париз кој по втората светска војна ја изгубил својата позиција како главен град во светот на модата, повторно ја добива својата ценета позиција, а тоа делумно е благодарение на вниманието што го доби од The New Look на Диор. The new Look, во Западна Европа бил пречекан како освежителен, противотров за ограничувањата од војната, и го прифатиле жените со стил како Принцезата Маргарет во Обединетото Кралство.

Парфемите Диор[уреди]

Информациите кои се достапни за основањето на Кристијан Диор Парфемите се контрадикторни.Сите тврдења се за периодот помеѓу 1947 и 1948. Корпорацијата Диор го запишала основањето на Парфемите Диор во 1947, кога било промовирањето на првиот парфем Miss Dior. Диор направи револуција во индустријата со парфемите со лансирањето на многу популарниот парфем Miss Dior, кој е именуван по Кетрин Диор(сестрата на Кристијан Диор).

Кристијан Диор ООД поседувл 25%, менаџерот на парфемите Coty поседувал 35% и Бусак поседувал 40% од бизнисто со парфеми, кој го раководел Serge Heftler Louiche. Пјер Карден бил на чело на Диор од 1947 до 1950. Во 1948 во Диор,Њу Јорк беше создадена посебната гранка за парфеми и од овде може да произлегува и прашањето околу точниот датум на создавањето.Корпорацијата Диор во 1949 година исто така истакнува дека е отворена луксузна конфекциска куќа во Њу Јорк на аголот на 5тата Авенија и 57та улица,прва од ваков вид. Во 1949 лансиран е парфемот „Diorama“, а до 1949 линијата The New Look сама остварила профит од 12,7 милиони.

Распространување и смртта на диор[уреди]

Распространувањето од Франција започна при крајот на 1949 година со отварањето на бутикот Кристијан Диор во Њу Јорк Сити. До крајот на годината модата на Диор оствари 75% од модниот извоз на Париз и 5% од вкупниот приход од извозот на Франција. Во 1950, Жак Руе,генералниот менаџер на Диор ООД, смислува лиценцирана програма за да се стави видливо веќе познатото име на Кристијан Диор на различни луксузни производи. Про беше ставено на вратоврски, а брзо потоа беше ставено на трикотажа и чорапи, кзно.капи, ракавици,чанти,накит,долна облека и шалови. Сепак лиценцирањето се покажа како профитабилен потег и стана тренд кој и денес е актелен и кој го применуваат сите модни куќи.Исто така во 1950, Кристијан Диор беше ексклузивен дизајнер на фустаните на Марлин Дитрих во филмот Stage Fright од Алфред Хичкок. Во 1951, Диор ја објави својата прва книга JE SUIS COUTURIER преку издавачот Editions Conquistadot.

И покрај многуте европски обожаватели на компанијата, во ова време во Сад се создаваше повеќе од половина од приходот.

Кристијан Диор Ограничени Модели е создадена во лондон во 1952.

Со помош на Вивиер во 1953, беше лансирана првата линија на чевли од Диор. До крајот на 1953 компанијата управуваше со цврсто докажани локации во Мексико, Куба, Канада и Италија.Како што растеше популарност на производите на Диор, така се зголемуваше и бројот на фалсификатите.Овој нелегален бизниг го подржуваа жените кои не можеа да си дозволат луксузни производи.До средината на педесетите Куќата Диор управуваше со многу ценета модна империја.Првиот бутик Диор е отворен во 1954 година на 9 Counduit Street. Исто така во чест на принцезата Маргарет и Војводката од Малборо,модната ревија на Диор во 1954 се одржа во палатата Блемхајн. Кристијан Диор помеѓу 1954 и 1957 лансираше пак, многу успешни модни линии. Сепак ниедна не беше блиску до силното влијанie на THE NEW LOOK. Диор во 1955, отвори GRANDE BOUTIQUE на аголот помеѓу Avenue Montaigne и Rue François.Исто така, првиот кармин Диор беше промовииран во 1955.До 10 годишнината на компанијата во 1956, беа продадени 100 000 парчиња облека. Кристијан Диор во 1956 создаде 14 фустани за Ева Гарднер за филмот на марк робинсон The little Hut. На 4ти Март 1957 Кристијан Диор се појави насловната страна на TIME. Дизајнерот бргу потоа во 1957 умре од трет срцев удар. Волшебното влијание на креативниата модна генијалност на Диор, му донесе препознатливост како една од најголемите личности во модната историја.

Кевин Алмонд за Contemporary Fashion напиша дека: пред да умре Диор, неговото име стана синоним за вкус и луксуз

Диор без Кристијан Диор-периодот од 1957 до 1970-тите[уреди]

Смрта на главниот дизајнер ја остави куќата на Диор во хаос и генералниот менаџер Џек Руе го зема во предвид и прекинувањето на работењето ширум светот.Оваа опција не им се допадна на носителите на дозвола на Диор и на француската модна индустрија; Диор беше премногу важен за финансиската стабилност за индустијата да дозволи да се случи такво нешто. За да ја врати Куќата на нозе,истата година Руе го промовираше 21 годишниот Ив Сен Лоран на уметничкиот директор. Лоран се приклучи на семесјството на Куќата во 1995, откако главниот дизајнер лично го избра за прв и единствен главен асистент. Лоран во 1958 првично покажа дека е најдобриот избор по дебито на својата прва колекција за Диор.(Споменувањето на Диор понатаму се однесува на компнаијата.) Облеката беше прецизно изработена и совршено ускладена како иор со истите префинети ткаенини, но нивниот млад дизајнер ги направил помеки, појасни и лесни за носење. Лоран го поздравија како национален херој. Охрабрени од неговиот успех, неговите дизајни станаа посмели, кулминирајќи во 1960 во „Beat LOOK“, инспирирани од егзистенцијалисти во кафулиљата и џез клубовите во „Saint-Germain des Près“. Неговиот боемски изглед во 1960 беше остро критикуван, а уште повеќе во „Women`s Wear Daily“. Марсел Бусак беше бесен и кога го повикуаа Сен Лоран да се приклучи на француската армија-што го принудува да замине од Куќата Диор-раководството на Диор не се противише.Сен Лоран замина по создавањето на 6 колекции за Диор.

Дизајнерот Бохан го замени Лоран во Диор на крајот на 1960. Бохан го вметнува неговиот конзервативен стил во неговите колекции. Бохан доби заслуги од Ребека Арнолд како човек кој ја одржуваше марката Диор „во чекор со модата, а сепак создавајќи елегантна облека погодна за носење.“ и не е ни чудно што Women's Wear Daily тврдеше дека тој ја спаси фирмата. Дизајните Бохан беа многу ценети од истакнати општествени фигури. Актерката Елизабет Тејлор нарача 12 Диор фустани од колекцијата Пролет- Лето 1961 на Бохан кои го истакнуваа Тенкиот Изглед.

Парфемот на Диор „Diorling“ излезе во 1963 и машкиот парфем „Eau Sauvage“ излезе во 1966. Филип Гилбор,асистентот на Бохан во 1967 ја лансираше првата француска конфекциска колекција Miss Dior. Ова не е истото со веќе постоечката конфекциска продавница во Њу Јорк отворена во 1948. BABY DIOR, дизајнирано од Бохан, го отвара својот прв бутик во 1967 на 28 Avenue Montaigne. Во 1968, Парфемите Диор беше продадено на Моет-Хенеси(која и самата ќе стане ЛВМХ) заради распаѓањето на текстилната компанија на Бусак (кој сеуште е сопственик на Диор).Сепак ова немаше влијание врз работењето на Куќата Диор,па во 1969 е започнат бизнисот Козметика Кристијан Диор,со создавање на ексклузивна линија. По ова ,во 1970 Бохан ја лансираше првата колексија на Christian Dior Homme костуми. Во Франција во 1973 е создадена конфекциската колекција на крзно од Кристијан Диор, а потоа се произведувала под лиценца во САД, Канада и Јапонија. Првиот часовник Диор „Црна Месечина“ беше објавен во 1975 година во соработка со носителот на дозвола Benedom.Високата мода на Диор,ги красеше телата на принцезата Грејс од Монако,првата дама на Никарагва Хоуп Портокареро,принцезата Александрија од Југославија и лејди Памела Хикс на свадбата на Принцот Чарлс и Лејди Дајана Спенсер. Во 1978 групацијата Бусак поднесе барање за стечај и целиот имот(и оној на Кристијан Диор)ги купи групацијата Willot со дозвола од судот за трговија во Париз. Парфемот „Dioressence" излезе во 1979 година.

Доаѓањето на Арно[уреди]

Во 1980,Диор го лансираше машкиот парфем JULES.Диор го лансираше парфемот Poison во 1985. Истата година Арно стана претседател, извршен и управен директор на компанијата.По доаѓањето на Арно работењето на Кристијан Диор драстично се подобри.Тој компанијата ја постави како холдинг компанија Кристијан Диор СА. На 40 годишнината од првата колекција на Диор , Парискиот музеј за мода посвети изложба на Кристијан Диор. Во 1988, Кристијан Диор во сопственост на Арно зема удел од 32% од акционерскиот капитал на Моет-Хенеси-Луј Витон преку својата подружница Жак Робер,притоа создавајќи го она што ќе прерасне во една од водечките и највлијателните компании за луксузни производи во светот. Со ова неочекувано спојување, работењето на Кристијан Диор- Couture и на Кристијан Диор- Парфеми повторно беше обединето. Италијанецот, Џанфранко Фере го замени Бохан на позицијата главен дизајнер во 1989 година. Првиот кој не беше французин зад себе го остави она што традиционално потсетува на Диор, флертот и романтичноста,а воведе концепт и стил кој се опишуваше како префинет,одмерен и јасен. Фере управуваше со дизајните за колекциите на „Haute Couture“, „Haute Fourrure“, Женската конфекција, конфекцијата за крзно и додатоците за жени. „Haute Couture“, „Haute Fourrure“, „Women’s Ready-to-Wear“, „Ready-to-Wear Furs“ и „Women’s Accessories collections“.Во 1989 беше отворен бутик на Хаваи и уделот на Жак Робе во ЛВМХ порансна на 44%.

Во 1990 беа отворени уште бутици Диор во елитниот Њу Јорк, Лос Анџелес и во купувачките области во Токио. Уделот во LVHM поранса на 46%. Во 1990 исто така беше промовирана друга колекција на часовници, именувана BAGHEERA,-инспирирана од кружниот дизајн на часовниците BLACK MOON. Отпуштајќи ја главната директорка „Beatrice Bongbault“ во декември 1990, Арнаулт ја превзема таа функција до септември 1991, кога на тоа место,го назначи поранешниот претседател на БОН МАРШЕ, Филип.Во 1991 Кристијан Диор се најде на листата на спот пазарот, и беше лансиран прафемот „Dune“.

Виндри ги намали цените на конфекцијата за 10%. Сепак волнен костим од Диор, би бил со цена на етикетата од околу 1500$. Приходот на Диор за 1990 бил 129,3 милиони американски долари, со заработувачка од 22 милиона американски долари. Диор сега беше препознатлив во три категории: женска конфекција, долна облека и детска облека 2 додатоци и накит 3 машка облека. Почнаа да се намалуваат лиценцираните и бутиците со франшиза за да се зголеми контролата на компанијата врз производите од марката.Всушност лиценцирањето беше намалено скоро половина, бидејќи арно и виндри одбраа квалитет и ексклузивност наспроти квантитет и достапност. Се отворија бутици во целосна сопственост на компанијата во Хонг Конг, Сингапур, Куала Лумпур, Хаваи, Кан и Ваикики, дополнувајќи ги веќе постоечките продавници лоцирани во Њу Јорк, Хаваи, Париз и Женева.Ова овозмуваше да се зголемат профитот од директна продажба и профитните стапки, и да не се менуваат реномираните локации.Во 1992 ДИОР ХОММЕ беше ставено под уметничко раководство на Патрик Лавоо ИКС, а парфемот МИСС ДИОР беше повторно лансиран. Во 1993 Франсоа Бауф го замени Виндри и продолжи да ги намалува лиценците на името на Диор.Производството на DIOR HAUTE COUTURE беше пренесено во подружница наречена Кристијан Диор HAUTE COUTURE. до тогаш приходот на компанијата се се зголемил на 177 милиони америкнаски долари,со заработувачка од 26,9 милиони американски долари.Под влијание на Ана Винтур,главниот уредник на Вог,извршниот директор АРНО во 1997 го назначи Џон Галијано за замена на Фере(Галијано на БИ БИ СИ вести: без ана винтур јас сигурно немаше да бидам во куќата на диор). изборот на Британски Дизајнер намессто Француски,покажа дека во Франција се смалува изборот.

Арно самиот вели дека тој би преферирал Французин но дека талентот нема националност. Тој дури го спореди галијано со самиот кристијан диор, велејќи дека галијано има креативен талент многу близок до оној на диор.Тој ја има истата мешавина на романтизмот, феминизмот и модерното, која го симболизира господинот ДИор. Во сите негови креации- неговите костими,неговите фустани- може да се најде сличност со стилот на Диор. Галијано предизвика понатамошен интерес за Диор со малку контроверзни ревии како Ревијата на бездомници или С&М ревијата. Во меѓувреме лиценците ги намалуваше новиот извршен директор Сиднеј Толедано, На 15 Октомври 1997 централната продавница на Диор на Avenue Montaigne беше повторно отворена-таа беше затворена и Питер Марино ја реновираше-со настан со познати личности вклучувајќи ги Никол Кидман, Деми Мур и Жак Ширак. Таа година, Кристијан Диор Couture, исто така, ги презеде сите тринаесет бутици од носителот на дозвола Kanebo Јапонија.

21 Век[уреди]

Во 2001, Бутикот Dior Homme на 30 Avenue Montaigne повторно се отвори со нов „современ машки концепт“ од неговиот дизајнер Hedi Slimane. Slimane овој концепт го употребил во создавањето на неговата прва колекција за Dior Homme. Набргу Dior Homme стекна познати клиенти, меѓу кои и Бред Пит и Мик Џегер. Џон Галијано тогаш во 2001 почнува да ги објавува своите Часовници Диор,започнуваќи со линијата "Chris 47 Aluminum" означувајќи нова ера во дизајните на чаовсниците на Диор. Следно во новата колекција ги редизајнираа часовниците "Malice" и "Riva",додавајќи им скапоцени камења и ги создадоа "Malice Sparkling" и "Riva Sparkling".Диор, инспириран од колекцијата облека Пролет-Лето 2002, го лансираше часовникот „Dior 66" спротивно од женствените традиционални очекувања за дизајнот.

Во 2001 беше лансиран машкиот парфем "Higher", а во 2002 по него и парфемот "Addict". На 20 Февруари 2002 година, компанијата во Милано го отвори првиот бутик Dior Homme. До 2002, во целост работеа 130 места. На 3 Јуни 2002, CFDA(Американски совет за модни дизајнери) на Slimane му ја додели наградата „Интернационален Дизајнер на годината“. Часовникот "Chris 47 Steel" беше претставен во 2003 како роднина на оригиналниот "Chris 47 Aluminum“. На 7 Декември 2003, Бернар Арно, неговата жена Клое Севини, и Сидни Толедано лично присуствуваа на отварањето на Бутикот Диор во Omotesando,област во Токио.Вториот ваков бутик беше отворен во 2004 во елитната шопинг област на Токио, Ginza.

Истата година се отвори и ексклузивен бутик Dior Homme во Париз на Rue Royale,каде што беше изложена целата колекција Dior Homme. Втората продавница Dior Fine Jewelry во Париз беше отворен на 8 Place Vendôme.Во Москва се отвори бутик Кристијан Диор, откако компанијата го превзема лиценцираното работењето од агентот во Москва.

Дизајнерката на Fine Jewelry,Victoire de Castellane го лансираше првиот часовник под името "Le D de Dior" ,со кој го означи влезот на часовниците Диор во нејзината колекција елегантен накит. Чаовникот беше дизајниран за жени, но имаше многу дизајнерски елементи кои го правеа да изгледа машки.Slimane потоа го претстави часовникот"Chiffre Rouge" за колецијата Dior Homme.Овој специјален часовник го имаше препознатливиот изглед на Dior Homme:„ Дизајнот на часовникот и технологијата се поклопуваа совршено,создавајќи совршен одраз на уметничката совршеност на Dior Homme и да се зголеми легитимететот на создавањето часовници од страна на Диор Часовници.“ De Castellane тогаш ја лансирапе својата втора линија на часовници "La Baby de Dior". Дизајнот на оваа линија беше женствен со изглед кој повеќе наликуваше на накит.

Во 2005 беа претставени парфемите "Miss Dior Chérie" и "Dior Homme". Галијано ги претстави неговите часовниците "Dior Christal“,во чиј дизајн тој направил комбинација на челик и плави сафири, со цел да создаде „креативна и иновативна колекција.“ Кристијан Диор С.А во 2005 ја прослави 13 годишнината на Диор Часовници , и во Април истата година неговата колекција "Chiffre Rouge" беше призната на Светското шоу за часовници и накит во Базел, Швајцарија. Исто така ,таа година модната куќа ја прослави 100 годишнината од роденденот на дизајнерот Кристијан Диор.Во музејот Диор во Гранвил,Нормандија се одржа изложба „Кристијан Диор: Човек на векот“. Во 2007, Kris Van Assche беше назначен за нов уметнички директор на Dior Homme. Подоцна во истата година Van Assche ја промовираше својата прва колекција. Исто така во 2007 беше прославена 60 годишнината од основањето на Куќата Диор.

Во Февруари 2011, Куќата Диор беше вовлечена во скандал по обвинувањата на Џон Галијано за антисемитски коматари, кои беа на сите меѓународни насловни страни: компанијата доживеа ноќна мора со односите со јвноста. Во Март Галијано беше отпуштен и закажаната ревија за неговата колекција на облека Есен-Зима 2011/2012 се одржа без него на 4 Март во средина на конторверзните случувања.Пред почетокот на ревијата, извршниот директор Сидни Толедано одржа сентиментален говор за вредностите на Кристијан Диор и ја посочи поврзаноста на семејството со Холокаустот. Ревијата заврши со излегувањето на персоналот од ателјето без нивниот уметнички директор. ( Претходната ревија во Јануаи 2011 за колекцијата висока мода Пролет-Лето 2011,беше последната на која Галијано се појави на пистата на Диор.) Компанијата продолжи поматаму и привемено го назначи Бил Гајтен за главен дизајнер во отсуство на уметничкиот директор. Гајтен работел за Диор,бил во тимот на Галијано и работел за марката Џон Галијано. Првата колекција висока мода (за сезоната Есен-Зима 2011) раководена од Гајтен наиде главно на негативни критики. Во меѓувреме со месеци се шпекулираше, бидејќи не се знаеше кој ќе го замени Галијано. За време на 13 месечниот период без уметнички директор, Диор претрпе суптилни промени на дизајните,бидејќи исчезнуваше театралното и екставагантно влијание на Галијано. Редизајнираниот dior.com беше промовиран при крајот на 2011.

На 23 Јануари 2012, Гајтен се претстави со својата втора колекција висока мода( За сезоната Пролет-Лето 2012) за Диор и беше многу подобро прифатена од неговата прва колекција. На 11 Април 2012, белгискиот дизајнер Раф Симонс е назначен за за нов уметнички директор на Кристијан Диор.Симонс е познат по своите минималистички дизајни, а тоа беше спротивно на претходните драматични дизајни на Галијано за Диор.Покрај тоа, Симонс беше како „црна овца„помеѓу имињата на другите дизајнери кои се сметаа за високо квалификувани кандидати.

Да потенцира дека изборот на Симонс е правилниот избор.компанијата наметливо го споредуваше со оригиналниот дизајнер Кристијан Диор.Наводно, Бернар Арно со колегите, директорите на Диро и ЛВМХ сакале да го одвојат Диор од времето на Галијано. Симонс помина многу време разгледувајќи низ архивите и запознавајќи се со високата мода(како да нема претходно искуство во работењето во модата).

Симонс го закажа дебито на своите дизајно во Јули. Во меѓувреме, колекцијата висока мода Пролет-Лето 2012 на Гајтен беше претставена како првата ревија на висока мода на Диор која ќе се одржи во Шангај,Кина на 14 Април; а тоа беше знак за посветувањето на компанијата да биде присутна на кинескиот пазар.Ревијата беше последно претставување на Гајтен за Диор, а тој остана како главен дизајнер за марката Џон Галијано. На 3 Мај, беше промовиран промотивниот филм на Диор : Secret Garden – Versailles. Simons на 2 Јули се претстави со својата прва колекција за компанијата- колекцијата висока мода Есен-Зима 2012. Најдобрата помеѓу ревиите на висока мода за Есен-зима 2012,компанијата ја нарече колекцијата „новата мода„ и даде знак за почетокот на новиот Диор преку работата на Симонс „бришејќи се што било и почнувајќи од нула“ Колекцијата на дизајнерот „имаше повеќе сличности со Г-дин Диор отколку со куќата Диор“ со парчиња наликувајќи на дизајните на Диор со мотиви од периодот по Втората светска војна,кои и беа претставени на модата.

Симонс, кој ретко дава интервјуа, даде интервју кое компанијата го објави преку својот интернет магазин Dior Mag. Додека претходните модни ревии на Галијано се одржуваа во Musée Rodin, ревијата на Симонс се одржа во приватна резиденција, блиску до Тримфалната Кампија, откривајќи им ја адресата само на високи клиенти, славни личности, новинари, и други лица кои беа ексклузивно поканети.

Некои од значајните личности кои присуствуваа беа дизајнерите : Azzedine Alaïa, Пјер Карден, Alber Elbaz( Дизајнер на Ланвин), Diane von Furstenberg, Марк Џејкобс, Кристофер Кане, Olivier Theyskens, Riccardo Tisci,Донатела Версаче и Принцезата Шарлин од Монако, актерката Марион Котилард, Мелани Лаурен, Џенифер Лоренс, Шерон Стоне и претседателот на Диор, Арно со неговата ќерка. Сателитска снимка во живо беше овозможена на интернет магазинот Dior Mag. До сега е познато дека компанијата некаде на почетокот на 2012 исто така ја купила париската компанија за разубавување Куќата Вермонт.

Критики[уреди]

Inga Radziejewski го критикува Кристијан Диор, заедно со другите во модната индустрија и култура на индустријата како целина, заради промовирање анорексија и нереална слика на жената, со дизајнирање облека, која е толку мала што на анорексичните модели им е голема, дури и кога тие се опасно под нормалната тежина. Исто така колекцијата на Галијано инспирирана од бездомниците предизвика многу критики, но исто така и внимание кон куќата на Диор

Контроверзијата со Галијано[уреди]

На 23ти Февруари 2011, изби скандал кога го обвинија Џон Галијано за антисемитски коментари, по пијанка во Париз. Беше објавена снимка на која дизајнерот во алкохолизирана состојба вели „Го сакам Хитлер“ „Луѓето како тебе би биле мртви. Вашите мајки, предци, би биле угушени и мртви“. Тој тогаш беше обвинет дека истата ноќ наводно ја навредувал управничката на галеријата, и вербално ги навредувал нејзе и нејзиниот дечко. Актерката Натали Портман, кој неодамна стана новото заштитно лице на парфемот Miss Dior Cherie , за случајот коментираше со згрозување, изјавувајќи дека на ниеден начин нема да биде поврзана со него. Сепак, друг модел на Диор, Француската актерка Ева Грин ја намали сериозноста на инцидентот, изјавувајќи „ Понекогаш можеш да направиш грешки. Јас не верувам дека тој е антисемист. Јас сум еврејка. Не верувам деја тој има нешто против Евреите. Мислам дека повеќе беше тоа што тој беше малку пијан. На 25ти Февруари, Диор објави дека суспензијата на Галијано е во истрага, наведувајќи дека компанијата нема ни најмалку толеранција антисемитички. Во Франција, правењето забелешки од ваква природа е против законски и може да биде казниво со затвор до 6 месеци.

На 1 март 2011, Кристијан Диор официјално објави дека го отпуштиле Галијано заради контраверзијата.

Сопственост и Акционерство[уреди]

На крајот на 2010 година, единствениот деклариран главен акционер во Кристјан Диор беше Групацијата Арно САС, семејната холдинг компанија, семејното акционерско друштво на Бернард Арно. Контролата на друштвото изнесуваат 69,96% од акциите на Диор и 82,86% од акциите со право на глас. Останатите емисии на акции се пуштени кон крајот на 2010. Кристијан Диор СА поседува 42,36% од акциите на ЛВМХ и 59,01% од акциите со право на глас. Арно поседувал дополнителни 5.28% од акциите и 4,65%од правото на глас.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]