Кристин Колинс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кристин Ида Дуне Колинс (1891 - 8 декември 1964) била храбра жена која го загубува синот во 1928 година, и од тогаш започнува нејзината потрага по него. Таа својот живот го живее со надежта дека некој ден нејзинот син ќе се појави. Таа продолжува да ги притиска властите да ѝ помогнат во потрагата по нејзиниот син. Но во времето на прохибицијата, жените не смеат многу да се истакнуваат и да го креваат својот глас и притоа да бараат правда како што таа барала, туку едноставно да го живеат животот онака како знаат и умеат без барање на правдата и вистината.


Во сите истажувања за потрага на нејзиниот син се дознава и убиецот на Волтер. Неговото име Гордон Стеварт Норткот кој живеел на истоимениот ранч Норткот. Се претпоставува дека тој убил уште 19 деца, но не е докажано, бидејќи едно дете кое успеало да избега изјавило дека со него избегале уште две деца за кои не е сигурно дека останале живи, а меѓу нив бил Волтер, синот на Кристин Колинс. Волтер Џејмс Колинс е роден на 23 септември 1918, а во март 1928 година е прогласен за исчезнат. Гордон ги извршувал убиствата бидејќи тој бил ментално болен, а ова било последица од тоа што бил сексуално малтретиран од целото семејство. Гордон бил осомничен за убиство на неиндификувано мексиканско момче и браќата Левис и Нелсон Вилсон. Браќата биле пријавени како исчезнати од Помона на 16 мај 1928 година и никогаш не се пронајдени. Во февруари 1929 судијата Фрееман пресудил Гордон да биде обесен. Казната била спроведена на 2 октомври 1930 година.

Познато досега е дека до крајот на животот Кристин Колинс го барала својот син и никогаш не се откажала. Со нејзината смрт (8 декември 1964) завршува и нејзината потрага.

Во 2008 година снимен е филм за потрагата на Кристин Колинс по својот син. Филмот со наслов „Подметнување“ (Changeling) е во режија на Клинт Иствуд. Главната улога, Кристин Колинс, ја игра Анџелина Џоли.[1]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]