Кримичау
| Кримичау | |
| Маниксвалде, дел од Кримичау | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија |
| Адм. подрач. | Хемниц |
| Округ | Цвикау |
| Градски единици | 13 |
| Градоначалник | Холм Гинтер |
| Основни податоци | |
| Површина | 61 км2 |
| Надм. височина | 273 м |
| Население | 20.535 (31 декември 2011)[1] |
| - Густина | 337 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | Z |
| Пошт. бр. | 08451 |
| Повик. бр. | 03762 |
| Портал | www.crimmitschau.de |
| Местоположбата на градот Кримичау во рамките на округот Цвикау | |
| Координати | |
Кримичау (германски: Crimmitschau) е град во округот Цвикау, во Саксонија, Германија.
Содржина |
Географија[уреди]
Кримичау се наоѓа на реката Плајсе на северните падини на Рудните Планини.
Соседни општини[уреди]
Соседни градови и општини се: Цвикау, Денхериц, Нојкирхен, Меране и Лангенбернсдорф во округот Цвикау; Хајерсдорф, Јонасвалде, Пониц и Тонхаузен во Тирингија, во округот Алтенбургер Ланд; како и Брауниксвалде, Рикерсдорф и Зелингштет во Тирингија, во округот Грајц.
Градски единици[уреди]
Делови на Кримичау се Руделсвалде, Лауенхајн, Лангенрајнсдорф, Маниксвалде, Франкенхаузен, Вален, Гезау, Гозел, Габленц, Бланкенхајн, Гроспилингсдорф и Хартау.
Историја[уреди]
Со проширувањето на Германите на исток, градот Кримичау и замокот со истото име (сега наречен Швајнсбург) биле основани околу 1170 до 1200, како организирана германска колонија. Постоењето на населбата е првпат документирано во 1212. Во 1414, Кримичау ги добил градските права од грофот Вилхелм Втори.
На 15 март 1844, Кримичау бил поврзан на германската железничка мрежа (на саксонско-баварската железница, која подоцна била проширена до Баварија).
Кон крајот на векот, Кримичау биле седиште на текстилната индустрија и бил наречен „Градот на 100. оџаци“ (Stadt der 100 Schornsteine).
Од 22 август 1903 до 18 јануари 1904 бил место на еден од најголемите и најдолгите штрајкови во Германското царство, кој се проширил низ целата држава.
Во 1944, некои делови на Кримичау биле бомбардирани од сојузничките сили.
Кон крајот на 1980-тите, голем дел од старите градски градби биле срушени и биле заменети со бетонски еднолични градби. Слични планови постоеле и за јужните предградија, но биле оставени за подоцна, кои на крајот не ни стигнале да се реализираат.
Население[уреди]
|
|
Меѓународни односи[уреди]
Кримичау е збратимен со:
Музеи[уреди]
- Западносаксонски текстилен музеј, кој се наоѓа во целосно употреблица текстилна фабрика, порано позната како „Gebrüder Pfau KG“
- Земјоделски и отворен музеј во замокот Бланкенхајн
Градби[уреди]
Знаменитости се градското собрание, готската парохиска црква Свети Ларент (1513), поранешниот цистерцијански манастир (основан околу 1290) во градската единица Франкенхаузен и отворениот музеј во замокот Бланкенхајн со истото име.
Паркови[уреди]
- Zöffelpark, кој е изграден пред војната и е именуван по Емил Оскар Цефел, важен текстилен производител и филантропист.
- Bismarck-Hain, поранешни гробишта, именувани по царскиот канцелар Ото фон Бизмарк. Овој парк бил познат како Friedenspark („мировен парк“) во текот на Источна Германија.
- Sahnpark, кој се наоѓа северно од градот, е најголемиот парк во Кримичау и содржи отворена бања, парк за животни и стадионот на ETC Кримичау.
Спорт[уреди]
Кримичау е добро познат по неговиот клуб за хокеј на мраз, ETC Crimmitschau, кој се натпреварува во втората германска лига. Градот исто така има и фудбалски клуб, FC Crimmitschau и клуб за американски фудбал, Tornados Crimmitschau.
Луѓе[уреди]
- 1909 - Хајнрих Мауерсбергер, (умрел 1982 во Бестензе), инжинер и пронаоѓач во текстилната индустрија
- 1954 - Клаус Грунер, ракометар, олимписки првак во 1980
- 1955 - Удо Кислинг, хокејар на мраз
- 1961 - Габриеле Цанге, лизгачка на мраз
Наводи[уреди]
Надворешни врски[уреди]
Материјали за „Кримичау“ на Ризницата
- Грб на Кримичау
- (германски) ETC-Crimmitschau
- (германски) Заподносаксонски текстилен музеј
- (германски) Земјоделски и отворен музеј во замокот Бланкенхајн
|
|||||||

