Крвава ајкула

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Уловена крвава ајкула

Крвавата ајкула (Heptranchias perlo) има остро зашилена муцка, а таа е и една од само двата вида ајкули што имаат седум прорези за жабри - повеќе од сите други денешни видови ајкули. Живее во длабока вода каде што, близу до морското дно, лови лигни, ракови и риби. Како и ајкулите со шест прорези за жабри и овој вид има чешлести заби. Младите риби на врвот од единствената грбна перка и на горниот резен од опашната перка имаат црни ознаки што со староста избледуваат. Женките се ововивипарни, па одеднаш котат 6-20 младенчиња. Крвавата ајкула реко се гледа жива и малку се знае за нејзиниот начин на хранење и размножување. Но во ретките случаи кога била фатена, се однесувала палаво и агресивно. Понекогаш случајно ќе ја уловат со мрежи, а тоа можеби придонело за намалување на нејзината бројност. На Црвената листа на загрозени видови на МСЗП е во категоријата „речиси загрозени видови“.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици