Кралско книжевно друштво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сомерсетскиот дом, во кој е сместено Кралското книжевно друштво

Кралското книжевно друштво англиски: The Royal Society of Literature, RSL) е најважната книжевна организација во Велика Британија. Основано е во 1820 од страна на кралот Џорџ IV, со цел да „се наградат книжевните заслуги и да се поттикне книжевното творештво". Негов прв претседател е Томас Берџес, Епископ на Сент Дејвидс (подоцна Епископ на Солсбери). Денес друштвото има 450 членови (секоја година се бираат нови 14) кои, како звање, добиваат право на наставката „FRSL“ по нивното име.

Меѓу некогашните членови на друштвото се вбројуваат Семјуел Тејлор Колриџ, Вилијам Батлер Јејтс, Радјард Киплинг, Томас Харди, Џорџ Бернард Шо и Артур Кестлер. Позначајни членови денес се Чинуа Ачебе, Антонија Фрејзер, Атол Фугард, Дорис Лесинг, В.С. Најпол, Питер Дикинсон, Том Стопард, Хелен Данмор и Џ.К. Роулинг. Новопрогласените членови си го внесуваат името во свечен именик користејќи го наливперото на Бајрон или со гускиното перото на Дикенс.

Друштвото издава годишник со наслов The Royal Society of Literature Review („Ревија на Кралското книжевно друштво“)[1] и доделува повеќе книжевни награди како Ондачиевата и Џервудовата награда како и меморијалната награда „В.С. Причет“. Особено истакнатите писатели ја добиваат почесната титула Придружник на Кралското Книжевно друштво (Companion of the Royal Society of Literature) и Бенсоновиот медал за животно дело во областа на книжевноста.

Установата е сместена во Сомерсетскиот дом во Лондон. Нејзин моментален претседател е Колине Таброн (назначен во 2008).

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]