Коњска Глава (маглина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Коњска Глава
ESO-Horsehead Nebula.jpg
Податоци (епоха J2000.0)
Тип темна маглина/
распрснати маглини
Ректасцензија 05ч 40м 59,0с
Деклинација −02° 27′ 30,0"
Оддалеченост 1.500 сг
Привидни димензии (V) 8 × 6 лм
Соѕвездие Орион
Физички особености
Забележителности Личи на коњска глава
Други називи IC 434, Барнард 33,
LDN 1630, M3T 31,
[OS98] 52
Поврзано: темна маглина, маглини


Коњска Глава (наречена и Барнард 33 во светлата маглина IC 434) е темна маглина во соѕвездието Орион. Сместена е веднаш под (јужно од) Алнитак, најлево сместената ѕвезда во Појасот на Орион, и е дел од многу поголемиот Орионски Облак. Оддалечена е од Земјата некои 1500 светлосни години. Ова е една од најпрепознатливите маглини заради обликот на извиениот облак од темен прав и гасови, кој наликува на глава од коњ. Овој облик е откриен од шкотско-американскиот астроном Вилијамина Флеминг во 1888 г. која ја забележала на фотографија направена во опсерваториајта при Харвардскиот колеџ.

Црвената светлина се должи на присуството на водороден гас главно зад маглината, јонизирана од блиската ѕвезда Сигма Орион. Темнината во Коњска Глава се должи претежно на густата прашина, но покрај тоа, долниот дел од „вратот“ го засенува левиот дел. Маглината испушта потоци од гас, кои ги канализира силно магнетно поле. Светлите точки во подножјето на Коњска Глава се млади ѕвезди кои штотуку се обликуваат.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]