Костадин Алакушев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Kostadin Alakushev.JPG

Костадин Алакушев бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди]

Алакушев е роден во неврокопско село Трлис, тогаш во Османлиската империја, денес Ватитопос, Грција. Завршува во Солунската и бил учител во различни села во Неврокопско и Серско. Станува член на ВМОРО и учествува во Илинденското востание во четата на Стојан Малчанков. Во 1907 година станува член на околиски комитет на ВМОРО во Неврокоп. Во 1909 година е во одредот на Јане Сандански, кој зема учество во походот кон Цариград. Во 1909 година учествува во создавањето на секција на Народната федеративна партија во Неврокоп. Во 1908 година Алакушев е меѓу основачите на Друштвото на основните наставниците во Неврокопско, од 1911 е во бирото на друштвото, а во 1912 година е делегат на V конгрес на Сојузот на главните наставниците во Турција. Во 1912 година Алакушев заедно со Стојко Пашкулев и Благој Матеров е киднапиран и убиен во близина на селото Фотовишта од Михаил Скендеров и В. Зајков [1][2][3].

Извори[уреди]

  1. Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 15.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5.
  3. Пелтеков, Александър Г. Революционни дейци от Македония и Одринско, Орбел, 2011, стр. 11, ISBN 9789544961022